Свет
Трамп вели дека се чувствува како Супермен по терапијата со „регенерон“
Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на толпата приврзаници на предизборниот митинг во Џонстаун дека се чувствува како Супермен по подложуцањето на експериментален третман против Ковид-19 со антивирусниот лек „регенерон“, пренесува „Њујорк пост“.
„Вакцините доаѓаат набргу, терапијата и, искрено, лекот. Сè што знам е дека зедов нешто – што и да беше тоа, многу бргу се почувствував добро “, рече Трамп за време на својот втор митинг откако неговиот лекар потврди дека е негативен на коронавирусот.
„Не знам што беше тоа, антитела, не знам. Го зедов, реков дека се чувствувам како Супермен. Реков: ‘Пуштете ме’“!
Трамп продолжи да им се заблагодарува на лекарите што го лекуваа во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ откако три ноќи беше хоспитализиран во установата во Мериленд.
„Една голема предност да се биде претседател е дека ако не се чувствувате 100 отсто добро, имате повеќе лекари отколку што сте мислеле дека постојат во светот. Бев опкружен со 14-ина од нив“!
Трамп исто така се пофали со својот нов имунитет на оваа болест, која им ги однесе животите на 216. 000 Американци, и се закани дека ќе ги бакне сите присутни – без исклучок.
„Тие ми велат дека сум имун! Можев да се симнам и да почнам да ги бакнувам сите, секој маж и жена. Погледнете го тоа момче колку е убаво. Можев да го бакнам не баш со многу уживање“, се пошегува тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

