Свет
Трамп во увид на штетите од ураганот Флоренс

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ќе допатува во Северна Каролина, сојузна држава која претрпе огромни штети при налетеот на ураганот Флоренс.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сендерс, потврди дека Трамп планира да замине за Северна Каролина, објави агенцијата АП.
Во деновите по првичниот удар на силниот ураган, Северна Каролина се бори со поплави, а граѓаните на Вилмингтон стојат во редови за бесплатна храна, вода и ќебиња.
Во налетотот на ураганот загинаа најмалку 34 лица во три сојузни држави, односно Северна и Јужна Каролина и Вирџинија.
Ураганот Флоренс, кој достигна четврта категорија, моментно е само дожд и ветровита маса со низок воздушен притисок, но забрзува на патот кон густо населениот североисток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Фајненшл тајмс“ја објави понудата на Украина до САД за безбедносните гаранции

Украина е подготвена да вети купување на американско оружје во вредност од 100 милијарди долари, финансирано од европски фондови, во обид да обезбеди безбедносни гаранции од САД по потенцијалниот мировен договор со Русија. Предлогот беше изнесен во документ што го видел „Фајненшл тајмс“.
Според истиор предлог, Киев и Вашингтон би склучиле договор вреден 50 милијарди долари за производство на беспилотни летала во соработка со украински компании, кои станаа пионери во оваа технологија од почетокот на руската инвазија во 2022 година.
Киев ги споделил овие претходно необјавени предлози со своите европски сојузници како теми за дискусија пред клучната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, која се одржа во Белата куќа, потврдија четири лица запознаени со ситуацијата.
Во документот не е наведено кое оружје Украина сака да го набави, но Киев веќе јасно ја изрази својата желба да купи најмалку 10 американски системи за воздушна одбрана „Патриот“ за да ги заштити своите градови и клучна инфраструктура, заедно со други ракети и опрема. Исто така, не беше наведено колку од договорот за беспилотни летала ќе биде наменет за набавка, а колку за инвестиции.
Овој украински предлог беше наменет да се допадне на политиката на Трамп за зајакнување на американската индустрија. Кога беше прашан за понатамошна воена помош за Украина, Трамп рече во Белата куќа: „Ние не даваме ништо. Ние продаваме оружје“.
Во документот се детализира како Украина има намера да презентира контрапредлог до САД откако Трамп се чинеше дека се приближува кон ставот на Русија за прекин на војната по средбата со претседателот Владимир Путин во Алјаска минатата недела.
Предлогот го повторува повикот на Украина за прекин на огнот, кој Трамп првично го поддржа, но го напушти по средбата со Путин во корист на сеопфатен мировен договор.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му рече на Трамп, за време на јавниот дел од состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите европски лидери во Вашингтон, дека групата би сакала помош од американскиот претседател во обезбедувањето прекин на огнот пред да преземе какви било понатамошни чекори.
„Не можам да замислам дека следниот состанок ќе се одржи без прекин на огнот“, рече тој. „Затоа, ајде да работиме на тоа и да се обидеме да извршиме притисок врз Русија бидејќи кредибилитетот на овие напори што ги преземаме денес зависи барем од прекин на огнот“.
Во документот се наведува дека „трајниот мир нема да се базира на отстапки и бесплатни подароци за Путин, туку на силна безбедносна рамка што ќе спречи идна агресија“.
Исто така, се додава дека неодамнешните снимки во руските медиуми покажуваат дека Кремљ не е сериозен во врска со потенцијален мировен договор и дека има ниско мислење за раководството на Трамп.
Во него се споменуваат потценувачки коментари за американскиот претседател направени од истакнатиот ТВ водител Владимир Соловјов, кој во една од изјавите се потсмеваше на „заканите“ на Трамп кон Русија, велејќи дека Москва би можела „да ги уништи [САД] со нуклеарно оружје“.
Украина нема да прифати никаков договор што вклучува територијални отстапки кон Русија и инсистира на прекин на огнот како прв чекор кон целосен мировен договор, се вели во документот.
Според документот, Киев, исто така, го отфрла предлогот на Путин до Трамп во Алјаска да ги замрзне останатите линии на фронтот ако Украина ги повлече своите трупи од делумно окупираните источни региони Донецк и Луганск. Ова би создало „упориште за понатамошно и брзо напредување на руските сили кон градот Днепар“ и би му овозможило на Путин да „ги постигне целите на агресијата со други средства“, се вели во документот.
Украина верува дека рускиот обид да ги реши територијалните прашања пред понатамошните преговори за траен мировен договор би создал свршен чин на теренот, а воедно не би направил ништо за да ја обезбеди идната безбедност на Киев, се наведува во документот.
Киев, исто така, инсистира на целосна компензација од Русија за воени штети, потенцијално платени од 300 милијарди долари руски суверени фондови замрзнати во западните земји. Секое олеснување на санкциите треба да се одобри само ако Русија се придржува до иден мировен договор и „игра фер“, се додава во документот.
Свет
Трамп ја паузирал средбата со Зеленски и европските лидери за да му се јави на Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин разговарале откако Трамп ја паузирал средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите европски лидери, изјави извор запознаен со случајот за Си-Ен-Ен.
Изворот посочил дека Европејците не биле присутни за време на разговорот.
Eвропски функционер за Си-Ен-Ен изјавил дека Трамп ги прекинал преговорите со европските лидери и Зеленски за да му се јави на Путин. Веста првично беше објавена од германскиот весник Билд, кој јави дека разговорите со европските лидери продолжуваат по телефонскиот повик со Путин во Белата куќа. Информацијата со свои извори ја потврди и „Ројтерс“.
Свет
Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат, пишува „Си-ен-ен“.
Тие остануваат во Белата куќа за да ги продолжат преговорите во формат „само лидери“, изјави портпаролот на Зеленски, Сергиј Никифоров.
Официјален претставник на Белата куќа, исто така, рече дека мултилатералниот состанок со европските лидери и Зеленски завршил, но не се осврна на тоа дали ќе продолжат со разговори.
Главни теми на средбата беа безбедносните гаранции за Украина и можните чекори кон мировен договор со Русија. Трамп претходно посочи дека очекува брз напредок и дека работи на организирање трилатерална средба со Владимир Путин и Зеленски. Германскиот весник „Билд“ додека траеше состанокот објави дека Трамп го паузирал за да телефонира кај рускиот претседател, иако тој разговор беше најавен по завршувањето на средбата.