Свет
Трамп ги укинува санкциите кон Турција
Американскиот претседател најави дека ќе ги укине санкциите за Турција, пренесе хрватскиот портал „Индекс“.
Најавата на Трамп за укинување на санкциите следи откако дојде до примирје во турската офанзива на Сирија, во која главна цел беа курдските бунтовници.
Трамп воведе санкции против Турција пред една недела и двојно ги зголеми царините поради туркиот напад во североисточна Сирија.
Објавувањето на санкциите уследи по ретко усогласените критики од конзервативците и демократите околу одлуката на Трамп да ги повлече американските трупи од Сирија, за која критичарите порачаа дека ја отвора вратата за турска инвазија и може да доведе до заживување на поразената Исламската држава.
Санкциите, сепак, ја исклучија продажбата на американско оружје во Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тајани: Италија може да ја предводи меѓународната борба против корупцијата
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија има потенцијал да ја предводи меѓународната борба против корупцијата, нагласувајќи ја важноста на соработката и размената на информации во борбата против овој глобален феномен.
„Италија е во добра позиција да го искористи своето искуство во борбата против корупцијата. Веќе ја ставаме Финансиската полиција (Guardia di Finanza) на располагање на Албанија и Црна Гора, а преку работата на амбасадите и присуството на безбедносните службеници можеме да обезбедиме Италија да биде на првите редови во борбата против корупцијата“, рече Тајани на маргините на 24-от состанок на Меѓуинституционалниот меѓународен координативен комитет за борба против корупцијата, кој се одржува во Рим.
Тој зборуваше и за неговата неодамнешна посета на Мексико, каде што соработката во борбата против криминалот беше централна тема.
Регион
(Видео) Автомобил удри во група луѓе: има повредени во Белград
Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.
Екипата за итни случаи е на местото на настанот, пренесуваат тамошните медиуми.
Според очевидци, две лица биле заробени под возилото.
„Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот“, се вели на инстаграм профилот на 192.rs.
Свет
Венс ги отфрли шпекулациите за соперништво со Рубио
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, изјави дека не го гледа државниот секретар на САД, Марко Рубио, како соперник, и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „The Hill“.
Во интервју за „Fox News“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио немаат „право“ на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд Трамп дури по среднорочните избори следната година, односно меѓуизборите за Конгресот.
„Ќе направиме сè што можеме за да ги добиеме меѓуизборите, а потоа, после тоа, ќе седнам со претседателот на Соединетите Американски Држави и ќе разговарам со него за тоа“, рече Венс, нагласувајќи дека во моментов е фокусиран на „сегашноста“ и работата на администрацијата.
Фото: принтскрин

