Свет
Трамп: Единствен грев ми е тоа што ја победив расипаната Хилари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се огласи по скандалот што го потресе неговиот мандат.
„Мојот единствен грев е што победив на избори на кои се очекуваше да победи расипаната Хилари Клинтон“, напиша Трамп на „Твитер“.
The only thing that I have done wrong is to win an election that was expected to be won by Crooked Hillary Clinton and the Democrats. The problem is, they forgot to campaign in numerous states!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 23, 2018
Колку за потсетување, поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, се согласил со обвинителите и призна дека за време на кампањата за претседателските избори им платил пари на поранешни љубовници на Трамп за да молчат за врските со него.
Конкретно, порноактерката Сторми Даниелс добила 130 000, а плејбој-девојката Карен Мекдугал 150 000 долари. Трамп тврди дека плаќањата биле легални, бидејќи парите биле негови, а не од кампањата.
„Парите не се земени од кампањата, тоа е најважната работа. Потекнуваат од мене и за тоа пишував и на ‘Твитер’“, изјави Трамп за „Фокс њуз“, додавајќи дека за реализацијата на исплатите дознал подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Клучен руски радар уништен во Крим; Украина: Ова значително ќе ги отежни нивните напади

Украинските специјални сили извршија прецизен удар врз стационарниот радарски комплекс „Скала-М“ на привремено окупираната територија на Крим, објави украинскиот УНН.
Уништувањето на овој објект значително ќе ја намали способноста на Русите да го контролираат воздушниот простор и да користат авијација против цивилното население, според ССО (Сили за специјални операции на Украина).
Како што објави ССО, ноќта помеѓу 9 и 10 август 2025 година, единиците на Движењето на отпорот на Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина спроведоа успешна операција во областа на населбата Абрикосивка на привремено окупираната територија на Крим.
Целта на украинските борци беше стационарниот радарски комплекс ТРЛК-10 „Скала-М“.
Овој советско-руски комплекс комбинира примарни и секундарни системи за откривање на воздушни цели, а негова главна задача е да го следи воздушниот сообраќај на рутите и во зоните на пристап. Со дострел до 350 км, „Скала-М“ е клучен елемент на системот за контрола на воздушниот сообраќај на руските сили, особено за координација на борбената авијација, според Украинците.
Според воените проценки, уништувањето на таков објект значително ќе го комплицира непријателското користење на авијацијата за напад врз цивилната инфраструктура и населбите. „Специјалните оперативни сили: секогаш надвор од дострел!“, нагласи командата на ССО.
фото: принтскрин
Свет
Хамас тврди дека убил неколку израелски војници во заседа во северна Газа

Палестинската милитантна група Хамас денес соопшти дека нејзините борци убиле и раниле неколку израелски војници во напади во северниот дел на Појасот Газа.
Военото крило на групата, Бригадата Касам, во соопштението наведе дека тројца војници биле убиени и ранети во заседа во округот Шеџаја на 5 јули. Борците на Хамас, исто така, погодиле израелска единица со противпешадиски гранати на 7 јули, при што исто така убиле и раниле голем број војници.
Палестинската група додаде дека израелски команден центар и тенк Меркава биле погодени од противтенковски гранати во истата населба. Хамас објави детали за нападот откако неговите борци се вратиле од бојното поле. Израелската војска сè уште не го коментирала соопштението на Хамас.
И покрај повеќе од 21 месец од почетокот на израелската офанзива врз Газа во октомври 2023 година, палестинските вооружени фракции продолжуваат да изведуваат добро испланирани заседи во областа, нанесувајќи им жртви на израелските сили.
Официјалните воени бројки покажуваат дека израелската армија изгубила 898 војници од почетокот на војната во Газа, додека 6.190 се ранети. Под строга воена цензура, израелските медиуми ја обвинија армијата дека го намалува вистинскиот обем на загубите со цел да се одржи јавниот морал.
Во петокот, израелскиот кабинет за безбедност го одобри фазниот план на премиерот Бенјамин Нетанјаху за окупирање на цела Газа. Првата фаза вклучува насилно раселување на околу еден милион жители од Газа на југ, опкружување на градот и влегување во станбени области. Втората фаза предвидува заземање на централните бегалски кампови, од кои многу веќе се уништени за време на речиси двегодишната војна, во која се убиени повеќе од 60.000 луѓе.
фото: принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин