Свет
Трамп за „божикниот подарок“ од Северна Кореја: Можеби ми пратиле некоја убава ваза
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го отфрли предупредувањето од Северна Кореја дека ќе му испратат божикен подарок во вид на нуклеарен проектил велејќи дека САД знаат како да се справат со тоа.
„Ќе откриеме какво е тоа изненадување и ќе го решиме многу успешно“, рече Трамп пред новинарите во одморалиштето „Мар-а-Лаго“. „Ќе видиме што ќе се случува“, додаде тој.
„Можеби тоа е убав подарок“, се пошегува претседателот. „Можеби ми испратле убава ваза, а не ракетен тест“.
Северна Кореја на почетокот од месецот го предупреди Вашингтон дека може да му испрати божикен подарок кога Ким Џонг-ун им даде на САД рок до крајот на годината за да предложат нови отстапки во преговорите.
Северна Кореја го обвини Вашингтон дека се обидува да ги одложи разговорите за денуклеаризација во пресрет на претседателските избори во САД в година, при што официјален Пјонгјанг истакна дека само од САД зависи каков божикен подарок ќе изберат.
Американските воени чиновници веруваат дека Северна Кореја би можела да тестира проектил со долг дострел, што не го направила од ноември 2017 година.
Трамп и Ким се сретнаа трипати од 2018 година, но не беше постигнат значителен напредок.
Северна Кореја се обидува да ги укине меѓународните санкции, а САД од земјата очекува првин да се откаже од нуклеарното оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

