Свет
Трамп: Израелскиот премиер ќе се нарекува Мухамед, ако не се реши палестинско-израелскиот конфликт

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му рекол на кралот на Јордан дека Израел ќе има премиер наречен Мухамед, ако не се реши палестинско-израелскиот конфликт.
Израелската телевизија „Канал 10“ објави дека Трамп тоа го кажал во Белата куќа кон крајот на јуни, по посетата на јорданскиот крал, во полухумористичен тон, и откако кралот Абдула изјавил дека многу млади Палестинци сакаат „единствена држава со еднакви права”, пренесува „Тајмс оф Израел“.
„Канал 10“ соопшти дека тоа го потврдиле и израелски и поранешни американски официјални лица кои присуствувале на тој состанок, како и Амбасадата на Јордан во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент.
Обвинителите соопштија дека во текот на операцијата биле извршени 21 претрес во Брисел, како и во Фландрија и Валонија, објави „Ројтерс“.
Иако имињата и позициите на лицата вклучени во случајот не беа откриени, обвинителите рекоа дека истрагата е фокусирана на корупција, фалсификување документи и употреба на лажни легитимации, за кои се верува дека се случувале редовно и многу дискретно од 2021 година до денес.
Овие акции наводно се случиле под изговор за комерцијално лобирање и вклучувале разни форми, како што се плаќања за преземање политички позиции или давање подароци, како што се оброци, патни трошоци или покани за фудбалски натпревари.
Обвинителството соопшти дека се запленети документи и предмети, а целта е да се истражи можна поврзаност со перење пари, според медиумот.
Свет
Финска и Украина потпишаа договор за одбранбена соработка

Финска и Украина потпишаа билатерален договор за соработка во одбраната, соопшти финското Министерство за одбрана.
Двете земји се согласија да ја продлабочат одбранбената соработка, вклучително и во однос на вооружувањето, размената на разузнавачки информации и производството на муниција, се вели во соопштението на Министерството.
Министерството најави и дека ќе обезбеди нов пакет воена помош за Украина во вредност од речиси 200 милиони евра, вклучувајќи артилериска муниција.
Свет
Захарова: Доколку странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека распоредувањето странски сили во Украина ќе предизвика жестока реакција од Москва.
„Кремљ ќе го смета доаѓањето странски сили како директно мешање во конфликтот“, истакна таа. Додаде дека Русија „ќе одговори со сите расположливи средства“ доколку некоја земја се обиде да распореди свои војници во Украина.
Како дел од напорите да се гарантира безбедноста на Украина по каков било потенцијален мировен договор, европските лидери предложија испраќање мировни сили во земјата, потсетуваат медиумите. САД ја отфрлија можноста за испраќање свои војници, но Велика Британија и Франција се меѓу земјите во Европа кои ја разгледуваат можноста.
Британските медиуми минатата недела објавија дека 20-ина земји, главно од Европа и Комонвелтот, покажале интерес да се приклучат на т.н. коалиција на спремни, која би ѝ дала помош на Украина. Иницијативата за формирање таква коалиција доаѓа од Британија, поточно од кабинетот на британскиот премиер, Кир Стармер.