Свет
Трамп: Иран има многу проблеми и сака да преговара
Американскиот претседател, Доналд Трамп, разговараше со новинарите на тревникот во Белата куќа. Тој беше прашан дали САД се поблиску до напад на иранските нуклеарни постројки.
„Навистина мислите дека ќе одговорам на тоа прашање? „Дали ќе го нападнете иранскиот нуклеарен објект и точно во колку часот, господине ќе го нападнете?“
Тој додаде: „Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе направам. Можеби нема да направам“. Тој вели дека „никој не знае што ќе направат“, но дека може да го каже ова: „Иран има многу проблеми и сака да преговара“. „И јас им реков: „Зошто не сакавте да преговарате со мене пред сета оваа смрт и уништување? Зошто не дојдовте? Им реков на луѓето: зошто не преговаравте со мене пред две недели?“
Тој рече и дека Иран дури и предложил да дојде во Белата куќа.
„Тие имаа лоши намери. Знаете, 40 години велат: смрт на Америка, смрт на Израел, смрт на кој било друг што не го сакаат, каде било“, додаде.
„Насилници. Беа како насилници на училишното игралиште. Но ќе видиме што ќе се случи“. Тој исто така рече дека „ништо не е готово додека не заврши“ и дека војната е „многу сложена“. „
„Не би рекол дека сме победиле“, рече тој. „Но, би рекол дека сигурно постигнавме огромен напредок. И ќе видиме. Следната недела ќе биде многу важна. Можеби помалку од една недела, можеби порано“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

