Свет
Трамп и Ким на 12 јуни ќе се сретнат на островот Сентоса
Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, ќе се состанат на 12 јуни во хотелот „Чапел“ на островот Сентоса во Сингапур.
„Им благодариме на нашите извонредни домаќини во Сингапур за нивното гостопримство“, напиша портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, на Твитер.
Сингапур претходно го одреди јужниот туристички остров Сентоса како специјална област за самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, кој ќе се одржи следната недела.
Сингапур, исто така, го прогласи својот централен регион, во кој се сместени сингапурското Министерство за надворешни работи, Американската амбасада и неколку хотели, како специјална зона во периодот од 10 јуни до 14 јуни, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Си-ен-ен: Русија го зазеде клучниот град Вугледар во источна Украина, војници мавтаа со руско знаме над урнатините
Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар, ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-Ен-Ен покажаа војници како мавтаат со руско знаме над урнатините на градското собрание во разурнатиот град, во кој неговото население се намали од околу 14.000 на помалку од 100.
Вугледар, град изграден околу рудник за јаглен (неговото име доаѓа од украинскиот збор за јаглен), се наоѓа на околу 50 километри јужно од Покровск, кој во последните месеци се смета за главен фокус на руските напади на исток.
Иако не е транспортен и логистички центар како Покровск, Вугледар беше силно утврден и се сметаше за клучен бастион на раскрсницата на источниот и јужниот фронт на Украина.
Свет
Во Хрватска има закана од поројни поплави, најпогодена Истра
Во некои делови на Хрватска се очекува да бидат најавени мерки за одбрана од поплави поради порастот на водостојот во пониските делови на речните сливови по обилните врнежи од дожд, а можни се и поројни поплави и одрони, особено на планинските патишта и на јадранската магистрала, пишуваат хрватските медиуми.
Поради силниот дожд што го донесе циклонот, кој синоќа преку Јадранот пристигна во Хрватска, постои закана од поројни поплави, а први на удар се Истра и Кварнер, јави ХРТ.
Најмногу дожд наврна во поширокото подрачје на Риека, меѓу 100 и 200 милиметри на квадратен метар, пренесува „Истрамет“.
Свет
(Видео) Американска бомба од Втората светска војна експлодира на аеродром во Јапонија, откажани повеќе од 80 лета
Американска бомба од Втората светска војна експлодира на јапонски аеродром, кој беше затрупан под такси-патеката.
Експлозијата остави голем кратер и откажа повеќе од 80 лета, но нема повредени, соопштија јапонските власти.
Во моментот на експлозијата на аеродромот „Мијазаки“ во југозападна Јапонија немало авиони во близина, соопштија властите, додавајќи дека е во тек истрага зошто експлодирала бомбата тешка 225 килограми.
Видеото снимено од блиското воздухопловно училиште покажува како експлозијата фрла парчиња асфалт во воздух.
Видеоснимката емитувана на јапонската телевизија покажа кратер на сообраќајницата, наводно со дијаметар од приближно 7 метри и длабочина од 1 метар.
🌐 Breaking News: Explosion at Miyazaki Airport? ✈️💥
This morning, an explosion was reportedly captured on the information camera at Miyazaki Airport at 7:58 AM, sending plumes of dust into the air.
The airport office has confirmed that a sinkhole was found on the taxiway… pic.twitter.com/LPwA0VKsPp
— Currently JAPAN (@Currently_JAPAN) October 2, 2024
Аеродромот „Мијазаки“ бил изграден 1943 година како полигон за обука на поранешната Империјална јапонска морнарица, од која некои од пилотите „камикаѕе“ полетале во самоубиствени мисии.
Голем број неексплодирани бомби фрлени од американската војска за време на Втората светска војна се откопани во областа, соопштија претставници на Министерството за одбрана.
Стотици тони неексплодирани бомби сè уште се закопани низ Јапонија.