Свет
Трамп и Путин за импресиите по состанокот во Хелсинки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по вчерашната средба во Хелсинки со рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека има голема доверба во својата разузнавачка служба и дека „двете најголеми нуклеарни сили мора да се согласуваат”, додека Путин за средбата со Трамп рече дека имала „повеќе содржина отколку што очекувал”.
„Како што реков денес и многупати порано, имам голема доверба во мојата разузнавачка служба, но исто така признавам дека, за да се создаде посветла иднина, не можеме да се фокусираме исклучиво на минатото – како две најголеми нуклеарни сили, ние мора добро да се согласуваме“, напиша Трамп на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
За реконструкција на Украина ќе бидат потребни повеќе од 520 милијарди долари

Трошоците за обнова на украинската економија по завршувањето на војната се проценуваат на 524 милијарди долари, објавија денеска Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и владата во Киев.
Најтешко погодени сектори се домувањето, транспортот, енергетиката, трговијата и образованието, пишува „Ројтерс“.
Украинската влада, со поддршка од донатори, одвои речиси 7,4 милијарди долари за приоритетни потреби оваа година, но сè уште ѝ недостигаат речиси 10 милијарди долари.
Директната штета од руските напади достигна 176 милијарди долари, што е за 24 милијарди долари повеќе од пред една година.
Околу 13 отсто од станбениот фонд на Украина е оштетен или уништен погодувајќи повеќе од 2,5 милиона луѓе.
Во текот на изминатата година евидентирани се 70 отсто повеќе штети на енергетските постројки.
Беше наведено дека за реконструкција на станбениот сектор ќе бидат потребни речиси 84 милијарди евра, а само чистењето на урнатините ќе чини речиси 13 милијарди.
Свет
Поведена нова потрага по авионот на „Малезија ерлајнс“ 11 години по исчезнувањето

Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна со 239 луѓе во 2014 година, продолжи по речиси 11 години.
Патничкиот авион исчезна на несреќниот лет „MH370“ на 8 март 2014 година додека летал од главниот град на Малезија, Куала Лумпур, за Пекинг.
Исчезнувањето на „боингот 777“ без трага претставува една од најголемите мистерии во историјата на авијацијата.
Денес, 11 години подоцна, компанијата „Оушн инфинити“ почна нова потрага во Индискиот Океан во близина на брегот на Перт.
Австралискиот медиум „9 њуз“ објави дека бродот „армада 7806“ во текот на викендот пристигнал на дестинацијата за пребарување, која се наоѓа на речиси 1.500 километри од брегот на Перт.
Потрагата ќе опфати површина од 15.000 квадратни километри во следните шест недели.
Малезискиот министер за транспорт, Ентони Лок, во декември минатата година потврди дека „Оушн инфинити“ ќе почне потрага според договорот што го поврзува плаќањето исклучиво со пронаоѓање на остатоците од авионот.
Доколку ги пронајде остатоците, на компанијата ќе ѝ бидат исплатени 70 милиони долари, во спротивно нема да добие надомест за пребарувањето.
Свет
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла можноста за одржување избори до крајот на војната.
Ова се случува по изјавите на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, кои сугерираа дека владеењето на Зеленски е нелегитимно бидејќи не се одржани избори во Украина.
Украинската Рада ја усвои резолуцијата на втор обид откога вчера немаше доволно гласови за поддршка за нејзино усвојување, јавува „Еј-би-си њуз“.
Зеленски во неделата рече дека ќе се повлече ако тоа донесе мир во Украина додавајќи дека тоа ќе го стори дури и ако тоа значи дека неговата земја ќе добие членство во НАТО.