Свет
Трамп: Маск може да остане колку сака, но ќе се врати во своите компании
Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа повторно го поддржа својот советник, милијардерот Илон Маск, поради критиките за неговиот план за намалување на федералната влада, велејќи дека може да остане „колку што сака“, но на крајот ќе се врати на своите бизниси.
„Илон е фантастичен“, им рече Трамп на новинарите во Ер Форс 1 додека леташе за американската сојузна држава Флорида.
Маск, шефот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, стана мета на критики бидејќи начинот на кој раководи со Одделот за владина ефикасност (DOGE) доведе до отпуштања на илјадници државни службеници. Речиси 200.000 вработени се отпуштени, ќе бидат отпуштени или прифатиле отпремнина.
Поради ова, продавниците за автомобили „Тесла“ се вандализирани во САД и ширум светот, а национален протест против DOGE и агендата на Трамп е планиран за сабота.
„Политико“ и „Еј-би-си“ неодамна објавија дека Трамп им рекол на членовите на неговиот кабинет дека Маск наскоро ќе замине и ќе се врати во приватниот сектор, иако не е јасно дали тоа значи дека Маск ќе замине пред да му заврши мандатот на крајот на мај.
Трамп синоќа изјави дека Маск може „да остане колку што сака“. „Тој ќе остане одреден временски период, а потоа целосно ќе се врати на своите бизниси. Но, тој работи фантастична работа“, рече Трамп.
Запрашан колку долго ќе остане, Трамп рече: „Мислам дека неколку месеци“.
Белата куќа во средата објави дека Маск ќе остане на функцијата додека не ја заврши задачата на DOGE за намалување на владините трошоци и намалување на федералните вработени, отфрлајќи ги медиумските извештаи дека наскоро ќе ја напушти функцијата и ќе се врати во приватниот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

