Свет
Трамп немал поим дека Идлиб постои
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/Tramp.jpg)
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека никогаш не слушнал за бунтовничката сириска провинција Идлиб, на која ѝ се закануваат сириските и руските сили, сè до пред еден месец кога за Идлиб му кажала една жена на еден политички собир на неговите поддржувачи.
Според податоците на ОН, околу три милиони луѓе живеат во оваа област, вклучувајќи илјадници исламистички борци, и Обединетите нации со месеци предупредуваат за хуманитарна катастрофа ако дојде до офанзива од страна на владините сили.
Покраинатаа влезе во фокусот на меѓународните медиуми на почетокот од оваа година кога сириските бунтовници соборија над покраината руски борбен авион.
Минатонеделниот руско-турски договор ја спречи офанзивата на владините сили воспоставувајќи демилитаризираната зона меѓу бунтовниците и сириските сили.
Говорејќи на прес-конференција во Њујорк, Трамп се пофали дека токму тој ги принудил Русија, Иран и Сирија да се откажат од офанзивата, така што на твит од 4 септември предупредил дека ќе направат голема хуманитарна грешка ако учествуваат во таа можна човечка трагедија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/putin4.jpg)
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/bajden-tramp.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.