Свет
Трамп: Не се согласувам 100% со израелскиот премиер за Западниот Брег
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се согласуваат целосно по прашањето за Западниот Брег окупиран од Израел, при што републиканскиот лидер не објасни во што е несогласувањето, но дека „имаат разбирање“ за Сирија.
На прес-конференцијата по средбата на Трамп со Нетанјаху во Флорида, во неговиот имот Мар-а-Лаго, американскиот претседател беше прашан дали има порака за Нетанјаху за Западниот Брег и дали е загрижен дека насилството на доселениците на Западниот Брег може да го поткопа мирот.
„Имавме долга дискусија, голема дискусија за Западниот Брег. И не би рекол дека се согласуваме за Западниот Брег 100 проценти, но ќе дојдеме до заклучок“, им рече Трамп на новинарите.
„Не сакам да го правам тоа, ќе биде објавено во соодветно време“, одговори тој кога беше прашан во што е несогласувањето меѓу нив. „Нетанјаху ќе го стори она што е правилно“, додаде Трамп.
Израел е под зголемен меѓународен притисок да ги ограничи нападите на доселениците врз Палестинците на Западниот Брег. Обединетите нации, Палестинците и повеќето земји ги сметаат населбите за нелегални според меѓународното право, но Израел го оспорува ова, наведувајќи библиски врски со областа и безбедносни проблеми. Околу половина милион израелски доселеници живеат на Западниот Брег.
Високиот суд на Обединетите нации минатата година пресуди дека израелската окупација на палестинските територии и населби таму е нелегална и треба да се прекине.
Во врска со Сирија, Нетанјаху рече дека Израел сака да обезбеди мирна граница со соседната земја. „Во наш интерес е да имаме мирна граница со Сирија“, рече тој. Трамп рече дека САД и Израел имаат „разбирање за Сирија“. „Сигурен сум дека Израел и тој (сирискиот претседател Ахмед ал-Шара) ќе се сложуваат. Ќе се обидам да ги натерам да се сложуваат“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

