Свет
Трамп: Омразата што во Си-ен-ен ја имаат за мене ги прави неспособни за работа
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ го нападна извршниот директор на медиумската куќа Си-ен-ен, Џеф Зукер, изјавувајќи дека тој треба да биде отпуштен од работа, пренесе британската Би-би-си.
Трамп смета дека омразата што Си-ен-ен ја има кон него го прави медиумот неспособен за работа.
The hatred and extreme bias of me by @CNN has clouded their thinking and made them unable to function. But actually, as I have always said, this has been going on for a long time. Little Jeff Z has done a terrible job, his ratings suck, & AT&T should fire him to save credibility!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 30, 2018
„Малиот Џеф Зи прави страшна работа, неговиот рејтинг е лош, а одговорните треба да му дадат отказ за да си го зачуваат својот кредибилитет“, напиша Трамп на „Твитер“ насочувајќи се кон мултинационалната фирма AT&T која управува со медиумската куќа.
Во моментов Зукер е на боледување во траење од шест недели бидејќи заздравува од операција на срцето.
Претседателот на САД веќе долго време е во конфликт со Си-ен-ен, а тоа ескалираше минатата недела откако Лени Дејвис, сегашен застапник на поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, призна дека на медиумот му дал лажни информации, пренесуваат американските медиуми.
Си-ен-ен минатиот месец објави ексклузивна приказна за тврдењата на Коен дека неговиот поранешен шеф, Трамп, однапред знаел за средбата на членови од неговиот штаб за претседателската кампања со руски оперативци во 2016 година. Главен извор за таа вест бил токму Лени Дејвис.
Веста беше пренесена и од други американски и светски медиуми, како „Вашингтон пост“ и „Њујорк пост“, но Дејвис оваа недела објави дека Коен не ги тврдел ваквите информации, туку тоа повеќе било кажано на ниво на шпекулации, по што медумите ја повлекоа приказната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По критиките од Трамп, Лондон објасни зошто не дозволил користење на базите за напади врз Иран
Даунинг стрит реагираше на изјавата на Доналд Трамп, кој рече дека е „многу разочаран“ од премиерот Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ги користат британските воени бази за започнување офанзивни напади врз Иран.
Официјалниот портпарол на премиерот изјави дека Обединетото Кралство донело внимателна одлука да не се вклучува во офанзивни акции, бидејќи сака да придонесе кон решение на ситуацијата во регионот.
Тој појасни дека американското барање за користење на базите во одбранбени цели се совпаднало со иранските напади врз британските интереси и загрозување на британските граѓани. На тоа барање, додаде, Обединетото Кралство „одговорило соодветно“.
Претходно денеска Трамп изјави за британски весник дека на Стармер му требало „предолго“ да се предомисли.
„Тоа веројатно никогаш досега не се случило меѓу нашите земји“, изјави американскиот претседател за „Телеграф“.
„Звучи како да бил загрижен во однос на законитоста“, додаде Трамп.
Премиерот на Обединетото Кралство подоцна го прифати американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади врз складишта на ирански ракети или нивни лансирни позиции.
Фото: ЕПА
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА

