Свет
Трамп планира да потпише извршна наредба што ги таргетира социјалните мрежи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира денеска да потпише извршна наредба што ги таргетира социјалните мрежи, пренесува „Њујорк пост“.
Секретарот за печат во Белата куќа, Кајли Мекенани, пред новинарите во средата вечерта изјави дека наредбата се однесува на социјалните мрежи, но не се дадени дополнителни детали.
Трамп претходно во средата вети голема акција против компаниите што стојат зад социјалните мрежи за кои верува дека ги цензурираат републиканците и се закани дека ќе ги затвори ако продолжат со тоа.
Мерката доаѓа во екот на одлуката на „Твитер“ во вторникот да додаде фусноти за проверка на фактите на дното на двата твита на Трамп за гласањето по пошта.
Одлуката на „Твитер“ го налути Трамп, кој во средата ја нападна компанијата, но и технолошката индустрија пошироко.
„Големите технолошки компании прават сè што е во нивна моќ да ЦЕНЗУРИРААТ пред изборите во 2020 година. Ако се случи тоа, ние веќе немаме своја слобода. Никогаш нема да дозволам да се случи тоа! Тие максимално се трудеа во 2016 година и загубија. Сега апсолутно полуделе. Бидете во тек!!!“, твитна Трамп во средата вечерта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Захарова: Доколку странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова предупреди дека распоредувањето на странски сили во Украина ќе предизвика жестока реакција од Москва.
„Кремљ ќе го смета доаѓањето на странски сили како директно мешање во конфликтот“, истакна таа. Додаде дека Русија „ќе одговори со сите расположливи средства“ доколку некоја земја се обиде да распореди свои војници во Украина.
Како дел од напорите да се гарантира безбедноста на Украина по каков било потенцијален мировен договор, европските лидери предложија испраќање мировни сили во земјата, потсетуваат медиумите. САД ја отфрлија можноста за испраќање свои војници, но Велика Британија и Франција се меѓу земјите во Европа кои ја разгледуваат можноста.
Британските медиуми минатата недела објавија дека околу 20 земји, главно од Европа и Комонвелтот, покажале интерес да се приклучат на т.н. коалиција на спремни, која би и пружила помош на Украина. Иницијативата за формирање на таква коалиција доаѓа од Британија, поточно од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.
Регион
Адвокатот на лидерот на босанските Срби: Не знаеме дали ќе се жалиме, Додик немаше правично судење

Адвокатскиот тим на лидерот на босанските Срби Милорад Додик се уште не е сигурен дали тој ќе поднесе жалба на првостепената пресуда со која беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, потврди денеска адвокатот на Додик, Горан Бубиќ.
Во првостепениот процес, Судот на БиХ на 26 февруари го прогласи Додик за виновен за неприменување на одлуките на високиот претставник за БиХ, а Бубиќ рече дека одбраната сè уште не добила писмен примерок од таа пресуда, па рокот за поднесување жалба не е ни започнат.
„Дали ќе се жалиме или не, ќе видиме откако ќе ни биде доставена копијата од пресудата“, изјави Бубиќ за Еуроњуз, додавајќи дека се уште тврди дека Додик немал правично судење бидејќи не му судел непристрасен, туку „политички“ суд.
Веднаш по изрекувањето на пресудата, самиот Додик изјави дека не планира да се жали бидејќи и онака не го признава Судот на БиХ, но додаде дека ќе им остави на адвокатите да постапат како што им одговара.
Доколку не поднесе жалба и пресудата автоматски стане правосилна или потврдена во второстепената постапка, Додик најави дека нема да го оствари правото да бара замена на затворската казна со парична казна бидејќи, според законот, се уште има можност да ја откупи по цена од 100 конвертибилни марки (50 евра) за секој ден или на крајот за околу 18 илјади евра.
„Никогаш нема да дадам ниту фенинг за да ја откупам казната“, рече Додик пред пратениците во парламентот на Република Српска на денот на изрекувањето на пресудата.
Замената на затворската казна со парична казна не е автоматска, туку оваа опција ја разгледува и одобрува судот на барање на осуденото лице, коj може, но не мора ја одобри таквата опција.
Меѓутоа, Додик и неговите најблиски соработници, премиерот на Република Српска (РС) Радован Вишковиќ и претседателот на ентитетскиот парламент Ненад Стевандиќ, потоа се соочија со можност за ново кривично гонење, овој пат под сомнение дека сториле кривично дело загрозување на уставниот поредок на БиХ за кој се соочуваат со долги затворски казни.
Свет
Захарова: Веќе денеска се можни руско-американски контакти за Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека денеска се можни руско-американски контакти за Украина и дека Москва е подготвена да разговара за иницијативите претставени на американско-украинскиот состанок во Саудиска Арабија.
„Ќе бидеме подготвени да разговараме за иницијативите што таму се покренати при идните контакти со американската страна. Можам да кажам и дека такви контакти се можни веќе денес“, рече Захарова на прес-конференција, пренесе Интерфакс.
Таа истакна дека Русија „внимателно ја следела средбата меѓу американските и украинските претставници одржана во Џеда на 11 март“.
Захарова претходно оцени дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја „втурнал“ таа земја во позиција на целосна зависност.
Коментирајќи ја изјавата на Зеленски дека официјален Киев никогаш нема да ги признае Крим и Донбас како дел од Русија, таа рече дека „смешно е да се слушаат приказни за независност од човек кој ја турнал својата земја во целосна зависност“, пренесува РИА Новости.