Свет
Трамп: Руските и кинеските санкции на севернокорејската граница се корисни
Американскиот претседател Доналд Трамп ги поздрави санкциите наметнати од Русија и Кина на границата со Северна Кореја, пренесува ТАСС.
„Последното нешто што Кина го сака е нуклеарното оружје со голем опсег во соседството. Санкциите поставени на границата од страна на Кина и Русија се многу корисни”, напиша Трамп на Твитер во неделата.
Американскиот претседател најави дека денеска заминува за Ханој, Виетнам, за да се состане со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун.
„И двајцата очекуваме продолжување на напредокот постигнат на првиот самит во Сингапур. Деннуклеаризација?” напиша Трамп, додавајќи дека е во одлични односи со Ким.
Според Трамп, Ким Јонг Ун сфаќа, можеби подобро од кој било друг, дека без нуклеарно оружје неговата земја брзо може да стане една од големите економски сили во светот.
„Поради нејзината локација и народот (и поради него), земјата има повеќе потенцијали за брз развој отколку која било друга нација!” напиша тој на Твитер.
Трамп, исто така, го поздрави кинескиот претседател Сји Ѓинпинг за помошта во организирањето на вториот самит меѓу САД и Северна Кореја, кој треба да се одржи следната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија
Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски по забелешките на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев го попречува завршувањето на војната.
Украинскиот тим активно соработува со претставниците на американскиот претседател, „и покрај сè“, рече Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека се планирани состаноци во наредните денови. Делегацијата ги вклучува секретарот на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров, новиот шеф на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов и претставникот Дејвид Арахамија.
Киев се надева дека ќе има „поголема јасност во врска со документите што ги подготвивме со американската страна и по прашањето за одговорот на Русија на сите дипломатски напори“, напиша Зеленски на Телеграм. Украинскиот лидер неодамна објави дека билатералниот документ со САД за безбедносни гаранции за неговата земја е „90% подготвен“ за финализирање со Трамп.
Американската страна разговара и со Украина и европските сојузници, како и со Москва, но во моментов нема директни мировни преговори меѓу завојуваните земји, кои ги продолжуваат своите напади.
Фото: Depositphotos
Свет
Мадона ги поддржа демонстрантите во Иран: „Ја земаме слободата здраво за готово“
Мадона ја изрази својата поддршка за народот на Иран, велејќи им да се „држат цврсто“.
Во објава на Инстаграм, 67-годишната музичарка сподели видео од себе како јава коњ низ пустината во Мароко, поврзувајќи ја сопствената слобода со борбата на демонстрантите во Иран. Мадона е една од ретките светски ѕвезди кои јавно ги поддржуваат протестите.
„Држете се цврсто… Не можам да смислам порелевантна фраза од оваа додека влегуваме во Годината на Огнениот коњ! Додека размислувам за моето време во Мароко за време на празниците, мислам на сите луѓе во Иран кои се борат во многу потребната револуција и се подготвени да умрат за она во што веруваат“, започна Мадона.
„Толку многу работи земаме здраво за готово. Вклучувајќи ме и мене. Слободата да патувам низ светот. Да носам што сакам. Да јавам коњ низ пустината. Да зборувам слободно и да не бидам замолчена од казни, тортура и можна смрт. Да пеам. Да танцувам. Да го изберам својот духовен пат, а не туѓиот… Жените во Иран немаат таа слобода. Јас сум со нив“, продолжи таа.
Таа ја заврши својата порака со зборовите: „Народот на Иран со векови не ја познава слободата. Не можам да тврдам дека навистина го познавам страдањето што е претрпено, но моите мисли и молитви се со народот на Иран. Времето е сега. Држете се цврсто! Јас сум со Иран. Нека се чујат нивните гласови… СЛОБОДЕН ИРАН!“
Протестите во Иран започнаа кон крајот на декември 2025 година поради наглиот пад на вредноста на валутата и лошата економска состојба, и се проширија во повеќе од 180 градови. Откако иранските власти го исклучија интернетот на 8 јануари, земјата започна со масовни убиства на демонстранти. Безбедносните сили започнаа невиден бран на насилство за да ги задушат демонстрациите што се ширеа низ целата земја.
фото/Depositphotos
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos

