Свет
Трамп сака да го преименува највисокиот врв во Америка
Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го врати највисокиот американски врв Денали на неговото поранешно име планината Мекинли, по 25-тиот американски претседател.
Врвот, кој се издига на 6.190 метри надморска височина, беше преименуван во „Денали“ од поранешниот претседател Барак Обама во 2015 година, усвојувајќи го името што со векови го користеа домородците од Алјаска.
Владата на Алјаска го направи тоа 40 години порано.
„Ќе ја преименуваме планината во чест на Вилијам Мекинли, голем претседател, како што треба“, рече Трамп во своето инаугуративно обраќање, за време на кое исто така изјави дека Мексиканскиот Залив отсега ќе биде „Американскиот Залив“.
Вилијам Мекинли, 25-тиот американски претседател, никогаш не го посетил Денали и нема врска со Алјаска или со планината, иако во негова чест беше именувана во 1917 година.
„Оваа објава е спротивна на желбите на домородните Американци, избраните функционери на Алјаска и вековната традиција“, рече Атан Мануел, директор за заштита на земјиштето на еколошката организација Сиера Клуб.
„Луѓето овде со векови го нарекуваа овој врв „Денали“, па дури и официјалните лица од Алјаска се противат на овој обид за преименување. Јасно е дека Доналд Трамп е повеќе заинтересиран за културната војна отколку за желбите на американскиот народ“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени
Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при што загинале две лица. Бродот бил управуван од назначена терористичка организација и се движел по познати рути за трговија со дрога, објави Би-би-си.
Американските сили од септември минатата година ги таргетираат бродовите за кои се сомнева дека шверцуваат дрога низ Карибите и источниот Пацифик. Во тој период се извршени најмалку 38 смртоносни напади, при што загинаа 128 лица. Администрацијата на Трамп ги оправда операциите како дел од немеѓународен вооружен конфликт чија цел е запирање на протокот на дрога од Латинска Америка кон САД.
On Feb. 5, at the direction of #SOUTHCOM Commander Gen. Francis L. Donovan, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by Designated Terrorist Organizations. Intelligence confirmed the vessel was transiting along known narco-trafficking… pic.twitter.com/B3ctyN1lke
— U.S. Southern Command (@Southcom) February 6, 2026
Во соопштение објавено на платформата Икс, Јужната команда соопшти дека во последната операција нема повредени американски војници.
Нападот од четврток беше втор оваа година. Интензитетот на нападите значително се намали откако американските сили го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро на почетокот на јануари, кого администрацијата на Трамп го обвини за соработка со нарко-картели. За споредба, во последните четири месеци од минатата година имаше најмалку 36 напади.
Свет
Трамп му даде целосна поддршка на Орбан пред изборите во Унгарија: „Тој е силен и моќен лидер“
Американскиот претседател, Доналд Трамп, јавно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори што ќе се одржат на 12 април, порачувајќи дека има негова целосна и апсолутна поддршка за нов мандат.
Трамп пред изборите што ќе се одржат во таа земја, рече дека Орбан е навистина силен и моќен лидер.
„Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и чест ми е што тоа го правам повторно. Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и апсолутна поддршка за реизбор за премиер на Унгарија – тој никогаш нема да го изневери големиот унгарски народ“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“.
Трамп додаде дека Орбан е навистина силен и моќен лидер, со докажан успех во постигнувањето феноменални резултати.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас го правам тоа за Соединетите Американски Држави“, истакна Трамп.
Според него, Орбан вредно работи на заштитата на Унгарија, развојот на економијата, создавањето работни места, промоцијата на трговијата, запирањето на нелегалната имиграција и обезбедувањето закон и ред.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан. Со нетрпение очекувам продолжување на блиската соработка со него, за двете наши земји дополнително да го унапредат овој огромен пат кон успех и соработка“, заклучи Трамп.
Регион
Четиричлено семејство од Албанија почина во Тоскана од труење со јаглероден моноксид
Четиричлено семејство – родителите и нивните две деца, настрадало во својот дом во италијанската покраина Тоскана, поради труење со јаглероден моноксид, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, жртвите се таткото Арти, мајката Јонида (43), синот Хајдар (22) и ќерката Џесика (15). Петтото лице од домаќинството е префрлено во болницата Чизанело во Пиза во тешка состојба, но според достапните податоци не е животно загрозено, пренесе Раи Уно.
На местото на настанот интервенирале припадници на противпожарната служба, карабинерите и екипи на итната медицинска помош, пренесе Итaлпрес.
При прегледот на објектот, тројца карабинери исто така добиле полесни симптоми на труење и им била укажана медицинска помош.
Прелиминарната истрага е насочена кон проверка на исправноста на котелот за централно греење, со цел да се утврди причината за трагедијата. Италијанските медиуми наведуваат дека семејството е со потекло од Албанија.

