Свет
Трамп: Самит со Ким по изборите на 6 ноември
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неговиот втор самит со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, ќе се одржи по изборите за Конгресот и Сенатот на 6 ноември.
„Јас, едноставно,не можам да заминам сега“, изјави Трамп за новинарите додека леташе во сојузната американска држава Ајова, каде што имаше политички митинг, објави „Ројтерс“.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, неодамна изјави во Сеул дека е направен значаен напредок за време на викендот во разговорите со водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, и дека двете страни се мошне блиску до постигнување договор за вториот самит на двајцата претседатели.
Тој им изјави на новинарите пред да замине за Пекинг дека Ким е подготвен да им дозволи на меѓународните инспектори пристап до базите за нуклеарно тестирање на Пунџе-ри и да ги тестираат ракетните мотори „сохае“ штом ќе биде постигнат договор за тоа како ќе се изврши проверката, објави агенцијата „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Свет
Истекување на гас во градинка предизвика труење кај деца и воспитувачи во Милано
Шеснаесет лица беа отруени денес, од кои 12 беа деца поради истекување на јаглерод моноксид во градинка во Милано.
Истекувањето се случи утрово, а 12 деца, двајца родители и двајца наставници беа отруени, објави противпожарната служба, додавајќи дека никој не е сериозно повреден, пренесува „Анса“.
Полицијата и пожарникарите интервенираа на лице место, заедно со експерти од единицата за биолошка и хемиска заштита (NBC) кои моментално работат на утврдување на причината за истекувањето, најверојатно предизвикано од дефект на бојлер.
Порталот „Милано тудеј“ објавува дека инцидентот се случил непосредно пред 9:20 часот наутро.
Зградата со површина од околу 150 квадратни метри беше веднаш евакуирана, а децата и наставниците се во тријажната зона каде што здравствените работници ја проценуваат можноста за хоспитализација поради нивните симптоми, пренесува Танјуг.
Свет
Трамп: Наскоро добри вести во врска со крајот на војната во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата администрација наскоро може да има добри вести во врска со нејзините напори за ставање крај на речиси четиригодишната војна во Украина.
„Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа.
Мислам дека може да имаме добри вести“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, објави Ројтерс. Специјалниот американски претставник Стив Виткоф ќе присуствува на преговорите со делегациите на Русија и Украина во Абу Даби, објави денес Белата куќа.
Претходно, Зеленски објави дека следната рунда трилатерални преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија за крајот на војната во Украина ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека одложувањето на втората рунда мировни преговори за Украина во Абу Даби е резултат на несогласувања во распоредот на делегациите и дека нови разговори ќе се одржат на 4 и 5 февруари, пренесува Танјуг. На претходната средба во Абу Даби од 23 до 24 јануари, фокусот на преговорите беше ставен на крајот на војната и понатамошниот процес на мировни договори.

