Свет
Трамп се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска кога во САД се прославува Денот на благодарноста се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико на неопределено време, доколку неговата администрација утврди дека јужниот сосед ја загубил контролата над неговата страна.
Трамп, исто така, рече дека на илјадници активни припадници на вооружените сили, кои ги испрати на границата на почетокот од месецов, им дава зелено светло за употреба на смртоносна сила против мигрантите доколку тоа се покаже како неопходно, пренесе агенцијата АП.
Претседателот не ја исклучи можноста за делумна блокада на работата на владата на почетокот од декември, поради одбивањата на претставниците да распределат милијарди долари за изградба на пограничниот ѕид, што е негово огромно ветување од предизборната кампања во 2016 година.
Трамп ова го кажа во неговиот голф-клуб во Флорида на прашање од еден новинар, откако преку телефон им го чеситита Денот на благодарноста на припадниците на американската војска распоредени на служба низ целиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Писториус: Некои воени историчари веруваат дека го имавме последното мирно лето
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека војната може да избувне меѓу Северноатлантската алијанса и Русија во наредните години.
„Секогаш сме велеле дека ова може да се случи во 2029 година. Сепак, сега има и други кои велат дека тоа може да се случи уште во 2028 година, а некои воени историчари дури веруваат дека го имавме последното мирно лето“, рече Писториус во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Писториус, исто така, тврди дека вооружените сили на земјите од НАТО мора да бидат уште подобро опремени за можни борбени операции против Русија, пренесува Спутник.
Претставничката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше оваа изјава на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Сега нема сомнение кој е агресорот“, изјави таа.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција
Украина ќе увезува гас од Грција за да обезбеди снабдување со енергија за претстојната зима, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски, по средбата во Атина со грчкиот претседател Константинос Тасулас и премиерот Киријакос Мицотакис, изјави дека договорот ќе обезбеди уште еден пат за снабдување со гас со цел да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе.
Договорот ќе покрие речиси две милијарди евра потребни за увоз на гас за да се компензираат загубите во украинското производство предизвикани од руските напади, изјави украинскиот претседател, пренесува Политико.
Украина подготвува договор со Франција за зајакнување на борбената авијација, воздушната одбрана и другите одбранбени капацитети, изјави Зеленски.
Фото: принтскрин
Регион
Деветгодишно момче почина во Црна Гора: имало сипаници и висока температура, педијатарот проценил дека нема потреба од хоспитализација
Деветгодишно момче од Бар почина ненадејно. Како што објави порталот „Приморски“, три дена пред кобниот настан, момчето добило мали сипаници и имало висока температура, поради што неговите родители го носеле на лекар неколку пати.
Споменатиот портал потврди дека родителите го однеле детето кај педијатарот во Општата болница во Бар во текот на ноќта помеѓу петокот и саботата.
Сепак, дежурниот педијатар проценил дека нема потреба да го хоспитализира пациентот таа ноќ. Здравствената состојба на момчето се влошила во следните неколку часа. Момчето починало во саботата наутро.
До последните неколку дена, кога добило мали сипаници, момчето немало здравствени проблеми, што според медиумот, го поставува прашањето – која е причината за прераната смрт на детето.
Извештајот од обдукцијата треба да ја открие причината за ненадејната смрт на деветгодишното момче.
Фото: принтскрин

