Свет
Трамп се закани со царини: ЕУ нѐ третира многу, многу нечесно

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со царини кон Европската Унија, доколку Брисел не почне трговски преговори со САД.
„ЕУ нѐ третира многу, многу, многу нечесно. Ако не преговараат со нас, ќе направиме нешто што ќе биде економски тешко за нив. Ќе воведеме царини на голем број нивни производи“, изјави Трамп.
Неговата изјава следи откако Европскиот парламент се изјасни против започнување трговски преговори помеѓу САД и ЕУ. Трамп рече дека по американските мерки, Европејците веројатно ќе се освестат и ќе преговараат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Келог: Русија нема да ја добие војната

Украинската и американската страна составија список на услови за прекин на војната, кој вклучува 22 многу специфични дејства, изјави специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог.
„На Украинците не им се допаднаа сите услови, но никому нема да му се допадне конечниот став што ќе го заземете. Тоа е во ред кога имате преговори. Но, ние сме во прилично добра позиција со нив“, изјави Келог за „Фокс њуз“.
Одговарајќи на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Русија ќе ја добие војната против Украина, Келог рече дека тоа не одговара на реалноста.
„Руската Федерација нема да ја добие оваа војна. Русија не постигна никаков напредок во последната една и пол година. Тие изгубија стотици илјади војници, напредуваат во метри, а не во километри. А Украинците се борат жестоко на своја почва. Значи, кога Руската Федерација вели дека победува, тоа не е така“, рече Келог.
Тој оцени дека Русија треба да ја признае промената на околностите, односно дека Украина, според него, добро се држи, дека европските партнери зајакнуваат и формираат нови сили без помош на САД.
„Тие сега се подготвени да ја засилат поддршката за Украина доколку е потребно“, верува Келог.
Како што изјави тој, војната нема да заврши воено, туку само по дипломатски пат.
„Украинците сега добро го разбираат ова, а и Русите треба да го разберат“, рече тој.
Свет
Американскиот сенатор Греам: Го молам Ватикан да размисли Трамп да биде папа

Американскиот сенатор Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, во објава на „Икс“ напиша дека Трамп треба да биде новиот папа.
„Бев возбуден кога слушнав дека претседателот Трамп е отворен за идејата да стане следниот папа. Навистина би бил кандидат во сенка, но би ги замолил конклавата и католичките верници да бидат со отворен ум за оваа можност! Првата комбинација папа – претседател на САД има многу предности. Ние го следиме белиот чад… Трамп MMXXVIII!“, напиша тој на „Икс“.
Доналд Трамп вчера изјави дека би сакал да биде папа. „Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор“, му рече американскиот претседател на новинар, кој го праша за конклавата.
Тој продолжи нагласувајќи дека нема фаворит, но посочи дека Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк, би можел да биде добар избор. „Не знам. Немам фаворит. Но, морам да кажам дека имаме кардинал од место наречено Њујорк, кој е многу добар, па ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп.
Греам е познат по значајните промени во политичките ставови, особено во врска со Доналд Трамп и надворешната политика.
Европа
Осумнаесет општински службеници во Истанбул завршија во затвор

Турски суд затвори 18 службеници на градската власт во Истанбул поради обвиненија за корупција продолжувајќи ја репресијата против опозицијата поради која беше затворен и градоначалникот Екрем Имамоглу.
Имамоглу, главен политички ривал на претседателот Ердоган и водечки на анкетите, беше затворен во март во очекување судење по обвиненијата за корупција. Тој се соочува и со обвиненија за помагање терористичка група.
Градоначалникот ги негира сите обвиненија, а неговото апсење ги предизвика најголемите протести во Турција во последната деценија, економски превирања и обвинувања за политизирано судство. Владата ги отфрла овие тврдења и вели дека судството е независно.
НТВ објави дека 34 од 52 лица приведени за време на викендот биле ослободени со кауција. Турските медиуми пред четири дена објавија дека властите привеле десетици вработени во општина Истанбул како дел од правните истраги насочени кон Имамоглу проширувајќи ја репресијата против опозицијата, која почна кон крајот на минатата година.
Меѓу приведените се генералниот секретар, началникот на кабинетот на Имамоглу и претседателот и заменик-претседателот на Управата за водоснабдување и канализација.