Контакт

Свет

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа недела.

dobivaj vesti na viber

„Потребни се двајца за танго“, искоментира Трамп.

Неговата изјава доаѓа откако Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот, договорен денеска на разговорите во Саудиска Арабија.

Трамп исто така изрази надеж дека во наредните денови може да дојде до целосен прекин на огнот, а претходно најави и дека повторно ќе го повика украинскиот претседател, Володимир Зеленски во Белата куќа, а по расправијата во Овалната соба.

Свет

Сириската влада потпиша договор за прекин на огнот со Курдите

Објавено пред

Централната влада на Сирија постигна договор со курдските власти кои го контролираат североисточниот дел на земјата, кој вклучува прекин на огнот и спојување на локалната вооружена формација со сириската армија. Формацијата предводена од Курдите, позната како Сириски демократски сили, е поддржана од САД.

dobivaj vesti na viber

Договорот го потпишаа привремениот претседател на земјата, Ахмад ал Шар и командантот на Сириските демократски сили Мазлум Абди.

Ова е голем настан, бидејќи на овој начин поголемиот дел од Сирија доаѓа под контрола на владата во Дамаск, која е предводена од групата на чело на вооружената коалиција која го собори претседателот Башар ал Асад во декември минатата година.

Според договорот, кој треба да се имплементира до крајот на оваа година, сите гранични премини со Ирак и Турција на североисток, како и аеродромите и нафтените полиња, ќе бидат под контрола на централната влада.

Сириските Курди ќе ги добијат своите права, вклучувајќи го и образованието и употребата на нивниот јазик.

Овие права им беа ускратени со децении под режимот на Асад.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Пропалестинските хакери ја презедоа одговорноста за нападот на Икс, Маск ја обвини Украина за тоа

Објавено пред

За време на интервјуто за Фокс њуз претходно оваа недела, Илон Маск ја обвини Украина за масовниот хакерски напад што пред два дена повеќе пати ја сруши неговата социјална мрежа Икс (поранешен Твитер).

dobivaj vesti na viber

Маск не понуди никакви докази за ваквите обвинувања. Wired го анализираше нападот и тврдењата на Маск и дојде до заклучок дека ова е најмалку веројатното сценарио.

Маск тврдеше дека IP-адресите на напаѓачите се поврзани со Украина, но безбедносните експерти предупредуваат дека тоа не докажува ништо конкретно.

„ИП-податоците можат да го покажат географскиот распоред на изворите на сообраќај, што може да помогне во анализата на ботнет инфраструктурата“, изјави за Wired Шон Едвардс, директор за безбедност во компанијата Zayo.

„Но, не можам со сигурност да го идентификувам сторителот или неговата намера“.

Еден истражувач од позната компанија, кој сакаше да остане анонимен, дури изјави дека Украина не била ниту меѓу првите 20 IP адреси поврзани со нападот.

Во меѓувреме, пропалестинската хакерска група Dark Storm Team ја презеде одговорноста за нападот во објавите на Телеграм, кои подоцна беа избришани.

Покрај тоа, Wired истакнува дека нападот бил многу поедноставен отколку што би се очекувало од една држава. Според безбедносните истражувачи, неколку од главните сервери на Икс не биле заштитени со Cloudflare безбедносните мерки, што им овозможило на напаѓачите полесен пристап.

Едноставно кажано, Икс не бил подготвен за напад, и покрај фактот што DDoS нападите (напади за скратување на услугата) се една од најчестите закани на Интернет. Лошо поставените безбедносни мерки можеа да го направат нападот уште потежок отколку што можеше да биде.

Маск продолжува да сугерира дека државните актери се одговорни, но експертите веруваат дека тоа е малку веројатно.

„Постојат два вида сајбер напади – оние кои се дизајнирани да бидат гласни и оние кои се дизајнирани да бидат тивки“, изјави Николас Рис, експерт за сајбер операции, за Асошиетед прес.

„Овој напад беше јасно дизајниран да биде откриен, што речиси сигурно ја елиминира можноста зад него да стојат државни актери“.

Нападот, исто така, не им донесе значајна корист на напаѓачите, што дополнително ја намалува можноста дека станува збор за напреден напад спонзориран од државата.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на руското разузнавање разговарал со директорот на ЦИА

Објавено пред

Шефот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин синоќа остварил телефонски разговор со директорот на американската ЦИА Џон Ретклиф, јави денеска руската агенција Интерфакс.

dobivaj vesti na viber

Тие разговараа за соработката меѓу нивните разузнавачки агенции и кризниот менаџмент, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа1 час

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет2 часа

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа2 часа

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет2 часа

(Видео) Трамп им вети „пекол“ на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...

Свет3 часа

Стапуваат на сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува...

Македонија10 часа

Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ,...

Топ11 часа

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија...

Свет12 часа

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа...

Свет14 часа

Америка ја враќа воената помош во Украина, Киев: Подготвени сме на примирје од 30 дена

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат...

Македонија14 часа

Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една...

Македонија15 часа

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ17 часа

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...

Македонија19 часа

Чачарова-Илиевска: Не планирам денес да одам во Собранието за интерпелацијата, таа е недозволива и акт на преседан

Тања Чачарова-Илиевска од Судскиот совет нема да присуствува на седницата во Собранието за нејзината интерпелација заедно со интерпелациите за Весна...

Топ20 часа

Уапсени 11 лица, пронајдени оружје, документи, возила: МВР за вчерашната акција

Вчера е спроведена полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што...

Македонија21 час

Жерновски: Добредојдовме во новото ненормално, во кое сме западнобалканска копија на Орбан

Поранешниот амбасадор и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, преку објава на социјалните мрежи реагира на владината надворешна политика....

Македонија21 час

Спречени обиди за шверцување облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици

Царинската управа извести дека во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење разна стока. „636 парчиња...

Македонија21 час

(Видео) Андоновски го призна скандалот со тендерите, кои завршиле кај сопругот на неговата државна секретарка, ДКСК и Обвинителството итно да постапат, бара СДСМ

„СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална...

Македонија21 час

Холокаустот не почна со гасни комори, туку со зборови на омраза, со мали зла, што не беа спречени, рече Мицкоски на 82-годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години...

Македонија23 часа

„Денес, ќе чуете како криминалците на Филипче, поради провизии и бизниси со неговиот бизнис-ас Јахоски, го труеле народот со канцероген мазут“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис...