Свет
Трамп силно го притиска Зеленски: бара предавање територии и двојно помала војска
Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина што е можно побргу да го прифати мировниот план што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го договори со Москва за прекин на војната на Русија против Украина, пишува „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на украински претставници.
Украински претставници и лице запознаено со процесот го споредија пристапот на САД со агресивниот притисок што Вашингтон го изврши оваа година врз претседателот Володимир Зеленски да прифати договор за правата на минерални богатства, според „Фајненшл тајмс“.
The full 28-point U.S. peace plan for Ukraine, reportedly backed by Trump, has been published by MP Honcharenko. This thread outlines the key points. What’s clear is that the so-called Witkoff plan heavily favors Russia while offering little to nothing for Ukraine.
1/9 pic.twitter.com/EzuCTiQNRB
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) November 20, 2025
Според „Фајненшл тајмс“, мировниот план од 28 точки, одобрен од претседателот Доналд Трамп вчера и развиен од американските и руските преговарачи, повикува на големи отстапки за Украина што ги преминуваат нејзините долгогодишни црвени линии.
Украински претставници велат дека администрацијата на претседателот Трамп ги информирала Зеленски и неговиот тим дека Белата куќа работи кон агресивен временски рок за финализирање на предлогот до крајот на годината.
The American side presented points of a plan to end the war—their vision. I outlined our key principles. We agreed that our teams will work on the points to ensure it’s all genuine.
We’re geared up for clear and honest work—Ukraine, the U.S., our European and global partners. pic.twitter.com/DscaCBg4vW
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 20, 2025
Американците го очекуваат потписот на Зеленски во рок од една недела
Според нив, американските претставници очекуваат Зеленски да го потпише договорот пред Денот на благодарноста или до четврток следната недела со цел да го презентира мировниот договор во Москва овој месец и да го склучи на почетокот на декември.
Но, тој рок се смета за многу малку веројатен бидејќи претставници од кабинетот на украинскиот претседател изјавија дека неколку точки во предлогот претставуваат јасни црвени линии за Украина.
Киев подготвува контрапредлози, се очекува отпор од општеството
Украинските претставници додадоа дека работат на контрапредлози за американската страна. Се очекува и отпор од украинското граѓанско општество кон секој договор што би можел да се сфати како капитулација или како план што е во корист на Москва, објавува „Фајненшл тајмс“.
„Ова е договорот ‘Минерали 2.0’“, рече висок украински функционер осврнувајќи се на договорот меѓу Киев и Вашингтон склучен претходно оваа година, со кој на САД им беа дадени права за клучните украински минерали.
Киев го сметаше договорот за неопходен за да се добие наклонетост кај администрацијата на Трамп и да се обезбеди поддршка во одбраната од Русија.
“It’s a good plan for both Russia and Ukraine.”
White House press secretary Karoline Leavitt confirms that the US has been holding secret peace talks with Ukraine and Russia, insisting that both sides have been engaged with “equally”.
Live updates ➡️ https://t.co/9y2jfd40kz pic.twitter.com/k9GjJQfVYj
— Sky News (@SkyNews) November 20, 2025
Белата куќа: Планот е добар за двете страни
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и американскиот државен секретар Марко Рубио тивко работеле на мировниот план во изминатиот месец.
„Претседателот го поддржува овој план“, рече таа. „Тоа е добар план и за Русија и за Украина и веруваме дека треба да биде прифатлив за двете страни. Работиме многу интензивно за да го финализираме“, рече таа.
ЕУ и Велика Британија предупредуваат: Нема договор, без отстапки од Москва
Европската Унија одговори со повик Европа и Украина да бидат вклучени во преговорите. „Не сме слушнале за никакви отстапки од руска страна“, изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, според „Фајненшл тајмс“.
Британскиот премиер Кир Стармер додаде дека е фокусиран на праведен и траен мир за Украина. „Тоа се заснова на принципот дека Украина мора да одлучи за иднината на Украина и ние мора да се држиме до тоа“, рече Стармер.
Планот на Трамп пристигнува во време кога Зеленски е политички ослабен поради скандалот
Иницијативата на САД доаѓа откога политичката позиција на Володимир Зеленски е ослабена поради корупциски скандал, што доведе до оставка на двајца министри. Претходно вчера, Зеленски се сретна со американска воена делегација предводена од секретарот на армијата, Даниел Дрискол, висок функционер на Пентагон и близок сојузник на потпретседателот Џ. Д. Венс.
Today, during a meeting with the U.S. Secretary of the Army, Daniel Driscoll, we discussed options for achieving real peace, the sequencing of our work and formats for dialogue, as well as new impulses for diplomacy. Our teams – of Ukraine and the United States – will work on the… pic.twitter.com/kWXnFh4YNz
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 20, 2025
Подоцна, Зеленски потврди на „Икс“ дека со Дрискол разговарал за мировниот план.
Портпаролот на американската војска, полковник Дејв Батлер, им изјави на новинарите во Киев дека Дрискол и Зеленски „се согласиле за агресивен временски рок за потпишување“ на мировниот план. „За почеток, тоа ќе биде договор меѓу САД и Украинците“, рече Батлер.
Украина губи територија, јавноста и опозицијата отфрлаат отстапки
Зеленски е под зголемен притисок да ја прифати дипломатската иницијатива на администрацијата на Трамп бидејќи украинските сили се повлекуваат на исток, а руските ракетни напади ја осакатуваат енергетската инфраструктура на земјата.
Украинските власти повеќепати јасно ставија до знаење дека отстапките, како што е предавањето на територијата под украинска контрола, се неприфатливи за јавноста. Опозициските групи во Киев бараат смена на моќниот началник на Генералштабот, Андриј Јермак, и оставка на целата влада.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран прогласи тридневна национална жалост во чест на загинатите во протестите
Владата на Иран соопшти дека воведува тридневна национална жалост во знак на почит кон лицата кои загинале во, како што ја нарекува, „битката на националниот отпор“ поврзана со актуелните протести, пренесе агенцијата Тасним.
Според извештајот, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е „длабоко потресен“ од загубата на човечки животи и ги повикал граѓаните да се приклучат на Маршот на националниот отпор, кој треба да се одржи утре, повикувајќи се на соопштение емитувано на државната телевизија.
Засега не е познато каде точно ќе се одржи најавениот марш.
Претходно, државните медиуми објавија дека во понеделник се очекува одржување на „национални собири“ низ целата земја, со цел осуда на тековните протести.
Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили.
Досега се извршени околу 10.000 апсења.
Иранските власти уапсиле клучни членови на протестното движење што ја потресе земјата во последните две недели, изјави шефот на националната полиција.
„Минатата ноќ беа уапсени значајни лица од главните елементи на немирите, кои, ако Бог сака, ќе бидат казнети по правните процедури“, изјави шефот на полицијата, Ахмад-Реза Радан, за државната телевизија, без да прецизира колку лица се уапсени.
Иранскиот главен обвинител претходно кажа дека оние кои се фатени како протестираат или помагаат на демонстрантите може да бидат обвинети за „непријател на Бог“, што се казнува со смртна казна.
Протестното движење во Иран е најголемото незадоволство што земјата го доживеала во последните години. Иако првично предизвикано од нагло паѓање на вредноста на валутата, демонстрантите наскоро побараа политички реформи и пад на владата.
Свет
(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500
Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили. Досега се извршени околу 10.000 апсења.
И покрај националниот прекин на интернетот, на социјалните мрежи сè уште се споделуваат снимки кои наводно ја прикажуваат состојбата на терен во Иран.
Едно видео, за кое се тврди дека е снимено во источниот град Машхад, прикажува објект зафатен од пламен, по што може да се видат демонстранти како бараат засолниште зад остатоци и импровизирани барикади на улица.
Потоа се појавуваат силуети за кои се наведува дека се припадници на иранските безбедносни сили, кои пукаат од пешачки мост.
Претходно видео, пак, прикажува демонстрант како испишува графити на билборд над голема толпа луѓе во главниот град Техеран.
THREAD: Verified videos of Iran protests – 10 January
Heavy clashes on Vakil Abad Boulevard in Mashhad. Protesters hide behind barricades as security forces fire shots from a footbridge.
Video: @Vahid
Location: https://t.co/48rK47fgrp
With Richard Irvine Brown@GeoConfirmed https://t.co/LGCLaI1XaI pic.twitter.com/pGQBnH9LKu
— Shayan Sardarizadeh (@Shayan86) January 11, 2026
Претходно, Си-Ен-Ен повикувајќи се на двајца американски функционери, објави дека Трамп разгледува низа можни воени опции за Иран.
Многу од опциите што му биле претставени на претседателот се однесуваат на таргетирање на безбедносните служби на Техеран кои се користат за гаснење на протестите, истакнале американските функционери. Претседателот сè уште не донел конечна одлука за интервенција, но сериозно ја разгледувал можноста за акција додека бројот на загинати во Иран продолжува да расте. Опциите не вклучуваат ставање американски војници на терен, соопштил висок функционер од Белата куќа за Си-Ен-Ен.
Свет
Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен
Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски функционери за Си-Ен-Ен, додека тој размислува да ги спроведе своите неодамнешни закани да ја нападне иранската влада доколку таа употреби смртоносна сила против цивили.
Функционерите рекоа дека Трамп бил запознаен со различни планови за интервенција, бидејќи насилството во земјата доведе до десетици жртви и апсења. Некои од дискусиите вклучувале и опции што не подразбираат директна воена сила на САД.
Многу од опциите што му биле претставени на претседателот се однесуваат на таргетирање на безбедносните служби на Техеран кои се користат за гаснење на протестите, велат американските функционери.
Сепак, постојат загрижености во администрацијата дека воените напади може да се вратат како бумеранг и да ја ослабат поддршката за протестите. Функционерите истакнаа дека нападите можат ненамерно да ги обединат Иранците во поддршка на владата или да предизвикаат Иран да возврати со своја воена сила.
Претседателот сè уште не донел конечна одлука за интервенција, но сериозно ја разгледува можноста за акција додека бројот на загинати во Иран продолжува да расте. Опциите што ги разгледува не вклучуваат ставање американски војници на терен, соопшти висок функционер од Белата куќа.
Според американската агенција за човекови права HRANA, од почетокот на протестите пред две недели, кога се прошириле низ сите 31 провинции на Иран, загинале 116 лица. Сè уште не е јасно дали бројката целосно ја отсликува големината на жртвите, поради националниот прекин на интернет и телефонските линии.
„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Трамп претходно изјави дека ако Техеран користи смртоносна сила против протестанти, САД ќе се вклучат.
„Јас јасно реков дека ако почнат да убиваат луѓе како што правеле порано, ние ќе се вклучиме. И тоа не значи стапала на терен, туку удари таму каде што боли многу, многу силно.“
Секретарот за надворешни работи Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарале за тековните протести, како и за ситуацијата во Сирија и Газа.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја „набљудуваат ситуацијата“ во Иран, додека земјата влегува во третата недела на антивладини протести. „Протестите се внатрешно иранско прашање. Сепак, ИДФ е подготвена одбранбено и постојано ги подобрува своите капацитети и оперативна подготвеност“, се наведува во соопштението.

