Свет
Трамп: Турската офанзива на Сирија е лоша идеја
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска соопшти дека САД не ја поддржуваат воената операција на Турција во Сирија, потенцирајќи дека овој напад е лоша идеја.
„Утрово, Турција, членка на НАТО, ја нападна Сирија. Соединетите Американски Држави не го одобруваат овој напад и ѝ ставија на знаење на Турција дека оваа операција е лоша идеја. Нема американски војници во областа. Од првиот ден кога влегов во политичката арена, јасно ставив до знаење дека не сакам да се борам во оние бескрајни, бесмислени војни – особено оние од кои САД немаат корист“, се посочува во пишаната изјава на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел објави фотографија од 33 заложници што Хамас треба да ги ослободи
Израел на официјалната страна на „Икс“ објави фотографија од 33. заложници што Хамас етапно треба да ги ослободи во следните недели, во согласност со Договорот за прекин на огнот.
Иако утрово примирјето требаше да почне, истото се одложи бидејќи Хамас навремено не ја достави листата на заложниците што треба да ги ослободи во текот на денот, како што е превидено.
❤️🎗️
We are waiting for each and every one of you. pic.twitter.com/hys5TbvqU8
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба денес да бидат ослободени
Хамас ги соопшти имињата на тројцата израелски заложници кои први треба да бидат ослободени во текот на денот, се вели во изјавата на портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обаида.
Израел го добил списокот на заложниците што Хамас ќе ги ослободи в недела, изјави израелски висок функционер за Си-Ен-Ен.
Израелската војска претходно соопшти дека планираниот прекин на огнот нема да стапи во сила додека Хамас не ги соопшти имињата на заложниците што ќе ги ослободи во недела.
(Обновено)
Свет
Трамп пристигна во Вашингтон
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта пристигна во Вашингтон на почетокот на прославите за неговото враќање на власт, два дена пред церемонијата на неговата инаугурација.
Трамп пристигна од Флорида со авион на американското воено воздухопловство испратен од претседателот во заминување Џо Бајден. Со него на летот во саботата беа неговата сопруга Меланија, ќерката Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.
По пристигнувањето на аеродромот Далес, Трамп отпатува до својот голф клуб во Стерлинг, Вирџинија, на околу 50 километри од Вашингтон.
Таму, заедно со 500 гости, го забавуваше имитаторот на Елвис, Лео Дејс, по што следеше огномет.
Пред да пристигне во Вашингтон, Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си вети дека ќе потпише рекорден број извршни наредби веднаш по положувањето заклетва. Тој рече дека може да има околу стотина од нив.
Депортирање милиони илегални имигранти, зголемување на тарифите за соседните Мексико и Канада и ривалската Кина, дерегулацијата на енергијата и климата, помилувањето на своите поддржувачи за нападот на Капитол во јануари 2021 година, Доналд Трамп најави дека ќе повлече многу од одлуките и политиките на неговата претходникот Џо Бајден.