Свет
Трамп ја поздрави кинеската суспензија на тарифите за автомобили
Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлукaта на Кина да ги суспендира дополнителните тарифи за американските возила, велејќи дека тоа би можело да поттикне поширок трговски договор со Кина.
China just announced that their economy is growing much slower than anticipated because of our Trade War with them. They have just suspended U.S. Tariff Hikes. U.S. is doing very well. China wants to make a big and very comprehensive deal. It could happen, and rather soon!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 14, 2018
„САД се на вистинскиот пат, а Кина сака да постигне голем, сеопфатен договор. Тоа може да се случи и тоа е многу наскоро!” напиша Трамп на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Волстрит журнал“: Трамп во својот говор ќе повика на револуција на здравиот разум
„Волстрит журнал“ утринава објави дека Доналд Трамп ќе повика на револуција на здравиот разум во неговото инаугуративно обраќање попладнево.
Американскиот весник наведе дека имал пристап до копија од очекуваниот говор на Трамп и извести дека во неговото обраќање тој ќе ја поздрави возбудливата нова ера на национален успех.
Според весникот, говорот ќе биде пооптимистички од оној во 2017 година, а се очекува Трамп да ја нагласи виталноста на најголемата цивилизација во историјата.
Свет
„Масовно уништување“: Газа на првиот ден од прекинот на огнот
Снимка со беспилотно летало од северна Газа, направена за Си-ен-ен на првиот ден од прекинот на огнот, го покажува огромниот размер на уништувањето предизвикано од петнаесетмесечната војна, пренесува медиумот.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така ги поздрави прекинот на огнот во Газа и почетокот на ослободувањето на преостанатите заложници што ги држеше Хамас.
„Олеснување е, конечно, да се видат ослободени првите заложници и пристигнувањето на хуманитарната помош, примирјето да стапи во сила во Газа“, рече Кошта во објавата на платформата Х.
Тој рече дека „договорот ја носи потребната трошка надеж во регионот“.
„Сите страни мора да се придржуваат до него. Мирот е единствениот пат напред“, додаде Кошта.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, исто така го поздрави почетокот на спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците во Газа во објава на мрежата Х.
„Ние сме подготвени да ја поддржиме оваа имплементација и да ја зголемиме испораката на постојана хуманитарна помош до Палестинците, кои продолжуваат да страдаат. Императив е овој прекин на огнот да ги отстрани значајните безбедносни и политички пречки за испораката на помошта“, рече Гутереш.
Свет
Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот
Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).
На годинешниот собир ќе присуствуваат речиси 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.
Лидерските говори ќе почнат утре по денешното официјалното отворање на конференцијата.
Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер-криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени со мотото „Соработка за интелигентна доба“.
Но, набљудувачите веруваат дека годинешниот состанок повеќе од сè ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.
Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.
Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на својот мандат. В четврток 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видеоврска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува утре, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.