Свет
Трамп ја фрли кон Меланија топката што му ја подари Путин
Рускиот претседател, Владимир Путин, му подари на својот американски колега, Доналд Трамп, топка од Светското првенство во фудбал.
Toj ја прифати топката и му заблагодари на Путин, а потоа ја фрли кон неговата сопруга Меланија, која седеше во првиот ред.
Ова се случуваше за време на заедничката прес-конференција што се одржа во Хелсинки, каде што, меѓу другото, стана збор и за првенството и успехот на репрезентацијата на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ИДФ: Хезболах имаше план да ги искористи куќите за напад што ќе личeше на 7 октомври минатата година
Портпаролот на израелската армија (ИДФ), Даниел Хагари, денеска, изјави дека милитантната група Хезболах планира да користи куќи во селата во јужен Либан како база за напад што би личел на нападот на милитантната група Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.
„Хезболах ги претвори либанските села до израелските села во воени бази“, рече Хагари, како што пренесува „Тајмс оф Израел“.
Хагари изјави дека Хезболах планира „напад врз Израел, врз израелските заедници и масакр на невини мажи, жени и деца.
Тие го нарекоа овој план „Освојување на Галилеја“.
Свет
Руте: Земјите на НАТО треба да ги зголемат одбранбените распределби, Украина останува приоритет
Земјите на НАТО треба да ги зголемат одбранбените распределби, а трансатлантските врски во алијансата треба да бидат цврсти, изјави денеска Марк Руте, новиот генерален секретар на НАТО.
За време на заедничката конференција со Јенс Столтенберг, кого го наследува како генерален секретар на НАТО, Руте додаде дека Украина останува приоритет на алијансата, пренесува „Ројтерс“.
Тој додаде дека не е загрижен за исходот на изборите во САД бидејќи, како што наведе, ќе соработува со кој било кандидат.
Руте истакна дека едвај чека да го почне мандатот како генерален секретар на НАТО и му се заблагодари на Столтенберг за неговиот придонес при извршувањето на оваа функција.
Во Брисел денеска почна предавањето на должностите на местото генерален секретар на НАТО, во кое Јенс Столтенберг, еден од функционерите во алијансата со најдолг мандат, ќе го наследи поранешниот холандски премиер Марк Руте во време кога НАТО се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја, пренесува „Танјуг“.
Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат го надмина само холандскиот дипломат Јозеф Лунс, кој помина 13 години на чело на НАТО.
Воениот комитет на НАТО, вчера, официјално се прости од Столтенберг, а заменик-претседателот на Воениот комитет, генерал-полковник Ендру М. Роулинг, го пофали неговото „демократско лидерство, како и духот на сила и единство што им го донесе на сојузничките сили“.
Во својот говор Столтенберг се заблагодари за напорот и соработката во изминатите 10 години и истакна дека НАТО сега е поголем, посилен и поподготвен од кога било да се соочи со каков било предизвик, како и дека издржливоста и силата на НАТО што ја прават не зависат од поединци, туку од колективот.
Руте ќе стане 14-ти генерален секретар во историјата на НАТО.
Свет
(Видео) Се запали училиштен автобус на Тајланд, најмалку 25 загинати
Се стравува дека загинале околу 25 луѓе на Тајланд кога училиштен автобус со ученици и наставници на екскурзија се запалил во предградие на главниот град Бангкок, при што 16 патници се хоспитализирани, соопшти владата.
Полицијата не можеше веднаш да го потврди бројот на повредени или загинати, но министерот за внатрешни работи, Анутин Чарнвиракул, изјави за новинарите дека се верува оти загинале 25 лица, без да даде детали.
#BREAKING 🇹🇭A bus carrying dozens of primary school children crashed and caught fire just outside Bangkok, Thailand.
Sixteen children and three teachers reportedly escaped, but 22 pupils and three teachers are still unaccounted for, according to the transport minister.… pic.twitter.com/JoK7qiP0vs
— 凤凰欧洲 PhoenixCNE News (@PhoenixCNE_News) October 1, 2024
Шеснаесет ученици и тројца наставници се пренесени во болница, изјави министерот за транспорт, Сурија Хуангроонгруангкит, додавајќи дека причината за инцидентот сè уште се истражува.
My Heartfelt Prayers for the Students who lost life in this tragic #BusFire in Bangkok.🙏😥
Bus carrying 44 students and teachers on a school trip caught fire with 25 feared de@d#Thailand #bus #fire #emergency #BREAKING #schoolbus #FireAccident #INDvsBANTEST #Govinda #BANGKOK pic.twitter.com/aH2Nj7wlrj— Manisha Yadav (@Manisha9781) October 1, 2024
На првите снимки објавени на социјалните мрежи, пренесени од локалните медиуми, се гледа како густ сив чад се издига од автобусот, чии делови сè уште гореле. Пожарот подоцна бил изгаснат.
Премиерот Паетонгтарн Шинаватра рече дека учениците тргнале на екскурзија.
„Како мајка, би сакала да изразам најдлабоко сочувство до семејствата“, рече таа во објавата на X.