Свет
Трамп ѝ се заканува на Турција со нови санкции ако го прекрши договорот
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно најави санкции против Анкара ако турските сили отворат оган врз курдските борци, кои се повлекуваат од северна Сирија, каде што треба да се воспостави безбедносна зона.
„Турција целосно разбира дека не смее да пука врз Курдите додека се повлекуваат од областа што ќе стане безбедна зона на околните области. Не мора да повторувам дека за кршење на договорот, ќе бидат воведени санкции од големи размери“, напиша Трамп на „Твитер“.
Тој наведе дека сè се одвива добро, дека Курдите обезбедиле борци на Исламската држава и Турција е подготвена да обезбеди поддршка, како и дека се обезбедени нафтените полиња.
Додаде дека американските трупи од Сирија заминуваат во други области и потоа се враќаат дома.
„Требаше да бидеме таму 30 дена, а тоа беше пред 10 години. Кога овие будали од експерти, кои 20 години погрешно го нарекуваа Блискиот Исток, ќе прашаат што ние добиваме од договорот, јас, едноставно, велам – нафта и тоа што нашите војници си доаѓаат дома , а Исламската држава е обезбедена“, напиша Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

