Свет
Три лица загинаа во судир на два авиони над Украина
Украинското Државно биро за истраги објави дека ќе ја истражи авионската несреќа што се случи вчера во регионот Житомир.
Во несреќата загинаа тројца пилоти на украинските воздухопловни сили, меѓу кои и пилот познат по прекарот Џус. Тој бил член на 40-та тактичка воздухопловна бригада.
Достапните информации покажуваат дека два авиони за борбена обука L-39 се судриле на небото над регионот Житомир. Во моментов се вршат примарни истраги, увид на местото на настанот, распит на сведоци, а наредени се и голем број вештачења, пишува Украинска правда.
„Во моментов се спроведуваат примарни истражни дејствија, се врши увид на местото на инцидентот, се распитуваат сведоци, а определени се и комплет вештачења во рамки на кривичната постапка“, соопшти обвинителството.
Според Укринформ, предистражната постапка ја спроведува Државното биро за истраги.
— Melaniya Podolyak (@MelaniePodolyak) August 26, 2023
Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Телеграм ја потврдија авионската несреќа и информацијата за смртта на пилотите.
„Со жалење ве известуваме дека на 25 август 2023 година се случи страшна авионска несреќа во регионот Житомир. За време на борбена мисија, екипажот на два борбени тренажни авиони L-39 се судрија на небото. Сите тројца пилоти, за жал, почина. Истрагата е во тек“, стои во објавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

