Свет
Тропска бура ги погоди САД, се очекуваат поројни дождови и поплави

Тропската бура Кристобал во неделата го погоди брегот на југоисточната американска држава Луизијана, соопшти американскиот Национален центар за урагани.
Невремето е придружено со ветрови од 85 километри на час и се приближува до Њу Орлеанс.
Како што беше претходно објавено, се очекува обилен дожд на подрачјето од Тексас до Флорида.
Станува збор за трета именувана бура во оваа сезона на урагани, што се очекува да продолжи да се движи кон север. Ќе продолжи да носи големи количини дожд, што може да предизвикаат поплави, најмногу во долината на реката Мисисипи во Луизијана, предупредуваат метеоролозите.
Си-ен-ен известува дека невремето може да доведе до големи поплави и оштетување на зградите.
„Само затоа што е тропска бура, не значи дека треба да се опуштиме“, изјави метеорологот на Си-ен-ен, Дерек ван Дам.
Си-ен-ен повторува дека поплавите се најголемата опасност од ова невреме и се прогнозираат за државите Флорида, Алабама, Мисисипи, Џорџија, па дури и Северна и Јужна Каролина, каде што краткорочно ќе паѓаат големи количини дожд.
Според прогнозите, ќе биде особено критично во Луизијана, Арканзас и на Флорида, каде што дополнително ќе падне голема количина дожд.
Невремето ќе продолжи да се движи кон Висконсин и Ајова, но со помал интензитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Со Путин е договорен прекин на огнот за енергетските и инфраструктурните објекти

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во денешниот телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин се договорил за итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина во сите енергетски и инфраструктурни објекти.
„Се согласивме на итен прекин на огнот на сите енергетски и инфраструктурни објекти, со разбирање дека ќе работиме брзо за да постигнеме целосен прекин на огнот и, на крајот, да ставиме крај на оваа многу страшна војна меѓу Русија и Украина. Оваа војна никогаш немаше да започне ако јас бев претседател“, рече Трамп на Truth Social.
Тој додаде дека имал „многу добар и продуктивен“ разговор со Путин и дека разговарале за „многу елементи од мировниот договор, вклучувајќи го и фактот дека илјадници војници умираат“.
„Тој процес сега е во полна сила и ефект, и се надеваме, заради човештвото, дека ќе ја завршиме работата“, рече Трамп.
Свет
Гутереш ги повика Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги повика Израел и палестинската милитантна група Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа.
Тој рече дека Палестинците во Појасот Газа се подложени на „неподносливо страдање“ додека израелските напади продолжуваат немилосрдно.
Гутереш им рече на новинарите во Женева дека улогата на ОН е меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе Ал Џезира.
Министерството за здравство на Хамас објави дека повеќе од 400 луѓе, главно палестински деца и жени, биле убиени во текот на ноќта во израелските напади врз Појасот Газа.
Свет
Ница ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер вечерва ја погоди областа во близина на францускиот град Ница, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на 16 километри северно од Ница, каде живеат околу 340.000 жители, додава EMSC.
Земјотресот се случил на длабочина од десет километри.