Свет
Трудо ги предупреди Канаѓаните да не ја минуваат границата на САД под дејство на марихуана

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, уште еднаш ги предупреди своите граѓани во никој случај да не користат марихуана пред да патуваат во САД.
Имено, за време на едно интервју, слушател го прашал премиерот што да одговори доколку американски царински службеник го праша дали консумирал марихуана.
„Секако дека нема да се убедувам со САД кому треба да дозволат да ја премине границата, а на кому не. Во неколку држави во САД марихуаната е легализирана, a наша должност е да се обидеме да патуваме меѓу двете земји без проблеми“, рекол тој.
Доколку тој лично се најде во таква ситуација, изјави дека никогаш нема да го излаже царинскиот службеник, но смета дека Канаѓаните што користат марихуана треба сами да одлучат за тоа, како што и царинскиот службеник на САД одлучува дали ќе им дозволи да ја преминат границата.
По Уругвај, Канада е втора држава во светот која во јуни годинава целосно ја легализираше марихуаната, 17 години откако ја дозволи и нејзината медицинска употреба. Се проценува дека во 2015 година Канаѓаните потрошиле 4,5 милијарди долари на марихуана, па државата очекува огромен профит од оваа индустрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.