Свет
Трудо го распушти парламентот и распиша избори

Канадскиот премиер, Џастин Трудо, го распушти парламентот и распиша општи избори за 21 октомври.
„Направивме многу во изминатите четири години, но вистината е дека допрва почнуваме“, изјави Трудо додавајќи дека Канаѓаните треба да одлучат дали сакаат да се вратат на неуспешната политика на конзервативната влада, која верува во кратења и штедење.
Според анкетите, опозициската Конзервативна партија се доближува до либералите на Трудо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп вели дека би можел да се сретне со Путин следниот месец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија е подготвена да стави крај на војната, додавајќи: „Мораме да се договориме со Зеленски“.
Трамп оваа изјава ја даде од Овалната соба за време на потпишувањето на извршните наредби. Набргу потоа, тој покажа поголем оптимизам, велејќи: „Мислам дека имаме договор со двете страни“, додавајќи: „Се надевам дека ќе го направат тоа“.
Запрашан од новинарите за можна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, прва по судирот на двајцата лидери за време на бурната средба во Белата куќа, Трамп рече дека се уште не знае дали тоа ќе се случи. Двајцата претседатели ќе присуствуваат на погребот на папата Франциско во сабота во Рим.
Трамп најави и дека наскоро може да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, по планираната посета на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати. На прашањето дали средбата ќе се одржи во Саудиска Арабија, тој одговори: „Можно е, но веројатно не. Мислам дека ќе се сретнеме наскоро потоа“.
Саудиска Арабија моментално е домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина за можен прекин на огнот.
Патувањето на Трамп на Блискиот Исток, планирано за 13-16 мај, ќе биде негово второ патување во странство овој мандат, по викендот во Рим каде што ќе присуствува на погребот на папата.
Свет
Белата куќа: Зеленски оди во погрешна насока, Трамп е фрустриран

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит ги демантираше тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп му дал ултиматум на украинскиот претседател Володимир Зеленски до крајот на денот да го прифати постоечкиот предлог за мировен договор, во спротивно САД ќе се повлечат од преговорите.
„Не, не до крајот на денешниот ден“, рече Левит.
Сепак, Левит потврди дека Трамп е сè пофрустриран од ситуацијата и дека сака да го види крајот на овој конфликт.
Таа додаде дека Зеленски оди во погрешна насока кога се во прашање мировните преговори и дека се обидува да ги води преговорите преку медиумите, што е неприфатливо за претседателот.
„Неговото трпение е при крај“, рече Левит, мислејќи на Трамп.
Претходно денеска, Трамп го обвини Зеленски дека ја продолжува војната со своите запаливи изјави, откако украинскиот претседател рече дека неговата земја правно нема да ја признае окупацијата на Крим.
Свет
На Карлос Сантана му се слоши пред настапот во Тексас, итно префрлен во болница

На легендарниот музичар Карлос Сантана му се слошило пред настап во Тексас и итно бил префрлен во болница поради дехидрација, јавува „Си-Ен-Ен“.
Мајкл Врионис, претседател на „Јуниверзал саунд Менаџмент“ и претставник на Сантана, ја информираше својата публика во изјава за магазинот „Пипл“ дека со длабоко разочарување мора да соопшти оти шоуто во Сан Антонио е одложено.
Тој изјавил дека Сантана бил во театарот „Маџестик“ и се подготвувал за настапот кога доживеал инцидент за кој подоцна било утврдено дека е дехидрација.
„Како мерка на претпазливост и за здравјето на Сантана, одлуката да се одложи настапот беше најразумниот потег“, истакна тој.
Врионис додаде дека на музичарот му оди добро и со нетрпение очекува наскоро да се врати во Сан Антонио и да ја продолжи турнејата во САД.