Свет
Турско воено возило експлодира во патрола во Идлиб, нема повредени

Едно турско воено возило е оштетено во експлозија што се случи во текот на заедничка патрола на турската и руската војска на автопатот М4 во Идлиб, Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „Анадолија“.
„Во текот на 26. заедничка патрола на Турција и Русија во Идлиб, која се одвива во рамките на договорот за примирје во Идлиб постигнат на 5 март, се случи експлозија, во која едно возило од конвојот е оштетено. Во регионот е почната операција“, соопштува Министерството.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател Владимир Путин на 5 март постигнаа договор за прекин на огнот во зоната на деескалација во Идлиб, јужно од турската граница. Двете страни оттогаш изведуваат заеднички патроли по клучниот автопат М4.
Сирија е зафатена од граѓанска војна уште од 2011 година кога режимот на Башар ал-Асад ги потисна демонстрантите користејќи непропорционална сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фон дер Лајен: Украина би можела да влезе во ЕУ пред 2030 година

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција ги коментираше можните временски рамки за пристапување на Украина во Европската унија.
Таа изјави дека целиот процес на проширување е „заснован на заслуги“ и оти пристапувањето мора да биде од корист и за земјата кандидат и за Унијата.
Фон дер Лајен нагласи дека ЕУ не сака да даде точен датум кога Украина би можела да се приклучи, бидејќи другите земји-кандидатки би можеле да постават слични очекувања.
Сепак, таа оптимистички додаде дека Украина прави добар напредок и дека „тоа би можело да биде прифатено пред 2030 година“ ако продолжи со реформите со таа брзина и со тој квалитет.
Свет
18-годишна Американка се породила во Париз, бебето го фрлила низ прозорецот на хотелот

Млада Американка е осомничена дека го убила своето новороденче, кое наводно рано утринава го фрлила од прозорец на хотел во Париз, објави „Ле Паризиен“.
18-годишната студентка од САД утринава околу 6 часот од прозорецот на својата соба на вториот кат во хотелот го фрлила бебето на кое се уште висела папочната врвца, објави порталот повикувајќи се на полициски извори.
Се се случило пред очевидци кои веднаш повикале брза помош. Детето било пренесено во болница во критична состојба, но починало, потврдиле за „Ле Паризиен“ од париското обвинителство.
На местото на настанот излегле судија од Јавното обвинителство на Париз и полициски службеници од Бригадата за заштита на малолетници, соопштил полициски извор. Отворена е истрага за „убиство на малолетник кој не наполнил 15 години“, потврдиле од париското обвинителство, според медиумот.
Мајката е „дел од група млади луѓе кои патуваат низ Европа“, соопшти обвинителството, додавајќи дека младата жена била пренесена во болница каде што ќе и биде извршена операција по породувањето.
„Paris Match“ пишува дека мајката патувала со група студенти.
„И таа е приведена на лице место. Се разгледува можноста за негирање на бременоста“, соопштија од париското обвинителство со кое контактираше „Ле Паризиен“.
Свет
Маск има канадско државјанство, повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција да му биде одземено

Повеќе од 150.000 луѓе од Канада потпишаа петиција со која бараат од нивната земја да му го одземе канадското државјанство на Елон Маск поради неговиот сојуз со Доналд Трамп, пишува Гардијан. За време на неговиот втор мандат како претседател на САД, Трамп постојано се заканува дека ќе ја претвори Канада во 51-та американска држава.
Авторката од Британска Колумбија, Квалија Рид, покрена петиција во канадскиот дом на општините, каде што беше поддржана од пратеникот на Нова демократска партија и отворен критичар на Маск, Чарли Ангус. Маск е роден во Јужна Африка, а исто така има и канадско државјанство преку неговата мајка.
Петицијата на Рид, поднесена на 20 февруари, го обвинува Маск дека учествувал во активности насочени против националниот интерес на Канада додека дејствувал како советник на Трамп.
Трамп ги налути Канаѓаните со заканите дека ќе воведат високи царини за канадските производи и изјавите за припојување на Канада кон САД.
Во петицијата се наведува дека соработката на Маск со Трамп го прави „член на странска влада која се обидува да го избрише канадскиот суверенитет“. Тие бараат од канадскиот премиер Џастин Трудо да му го одземе канадскиот пасош на Маск и веднаш да му го одземе државјанството.
Трамп често го исмејуваше Трудо нарекувајќи го гувернер, титула која им се доделува на лидерите на американските држави. На „Икс“, социјалната мрежа што ја купи во 2022 година за 44 милијарди долари, Маск ги коментираше изјавите на канадскиот премиер дека ќе поднесе оставка како лидер на Либералната партија на Канада откако партијата ќе избере нов лидер, а исто така ги пофали видеата со истакнатиот лидер на канадската конзервативна партија Пјер Полиевре.