Свет
Турција ги зголеми безбедносните мерки во руската амбасада по заканите

Турските власти ја зголемија безбедноста во руската амбасада во Анкара по заканите упатени до амбасадорот Алексеј Јерхов заради ескалацијата на тензиите во сириски Идлиб, соопшти за агенцијата ТАСС портпаролот на руската дипломатска мисија во Турција, Ирина Касимова.
„Да, вистина е, тензиите ескалираа неодамна. Поради ова побаравме од турските власти да применат дополнителни безбедносни мерки“, рече таа.
Според Касимова, рускиот амбасадор прима пораки кои го предупредуваат да не излегува на улиците на Анкара.
„Ние разбираме дека луѓето што го пишуваат ова е малку веројатно да излезат и да убиваат, ова е начин да го изразат својот гнев. Сепак, треба да ги земеме предвид заканите”, истакна таа.
И покрај смирувачките тонови на Касимова, повеќе од очигледно е дека амбасадата има причина за загриженост ако се земе предвид дека во декември 2016 година турскиот полицаец Мевлут Мерт Алтинташ го уби рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, а во нападот беа ранети уште три лица.
Истрагата покажа дека Алтинташ претходно бил во обезбедувањето на амбасадата поради протестите што тогаш избија како резултат на руската вклученост во конфликтот во Сирија и ситуацијата во сирискиот град Алепо.
Руското Министерство за надворешни работи тогаш соопшти дека го смета нападот за терористички акт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала кон Украина

Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала и една балистичка ракета кон територијата на Украина, објавија утринава украинските воздухопловни сили.
Нападите во текот на ноќта беа насочени кон области на линијата на фронтот во регионите Суми, Доњецк, Чернигов и Дњепропетровск, објавија воздухопловните сили на каналот Телеграм.
Оттаму, исто така, наведуваат дека нивните единици за противвоздушна одбрана уништиле 61 беспилотно летало.
Главниот штаб на украинските вооружени сили објави во својот дневен утрински извештај дека во текот на изминатите 24 часа на линијата на фронтот имало 139 судири со непријателот.
Од друга страна, руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и уништиле 29 украински дронови над различни руски региони, вклучувајќи 10 беспилотни летала над Ростовскиот регион, објавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, по нивната вчерашна средба во Алјаска, не споменаа ништо за потенцијален прекин на огнот во војната во Украина.
Свет
Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по денешниот телефонски разговор со Трамп, јави ДПА.
Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател синоќа се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска.
„Во понеделник ќе разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и војната“, рече Зеленски, додавајќи дека е „благодарен за поканата“
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.