Свет
Турција го ослободи затворениот американски научник на НАСА
Поранешен научник на НАСА, кој беше затворен во Турција по неуспешниот државен удар во 2016 година, е ослободен, а неговото ослободување доаѓа во време на пропаѓање на преговорите меѓу Вашингтон и Анкара за борбениот авион Ф-35.
Серкан Голге, кој има двојно турско-американско државјанство, беше затворен пред повеќе од две години, а беше ослободен од притвор во средата, потврди неговата сопруга за „Њујорк тајмс”.
Голге – поранешен научен истражувач на НАСА кој работел во Хјустон, Тексас, беше затворен додека бил во посета на семејството во јужна Турција во 2016 година, само неколку недели откако неуспешниот државен удар ја внесе земјата во хаос. Турските власти соопштија дека тој работел за турскиот имам Фетулах Ѓулен, кој е обвинет за организирање заговорот за државен удар и се смета за терорист од страна на турската влада.
Околу 45.000 луѓе беа уапсени по обидот за државен удар, вклучувајќи и новинари, судии и пратеници, што многумина го сметаат за политичка чистка.
Голге беше суден за обвиненија за тероризам во турски суд, беше прогласен за виновен и осуден на 7,5 години затвор во „Искендерун“. Тој поминал и неколку недели во самица.
„Ослободувањето на Голге е правилен чекор”, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, одбивајќи да објасни зошто е тој ослободен сега.
Вашингтон и Анкара во моментот се вплеткани во војна на зборови во врска со купувањето борбени авиони Ф-35, за кои САД велат дека нема да ѝ ги испратат на Турција ако таа продолжи со договорот за купување ракетна одбрана од Русија.
И другите неодамнешни потези во Вашингтон можеби ја мотивираа одлуката за ослободување на Голге. Двопартиски закон, воведен во почетокот на април од сенаторите Бен Кардин и Роџер Викер, ја повика Турција да ги ослободи сите неоправдано уапсени Американци, како и тројца затворени турски граѓани кои работеле во американските дипломатски канцеларии.
Минатиот октомври Турција ослободи уште едеб американски државник, пасторот Ендрју Брансон, кој исто така беше меѓу уапсените по државниот удар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс
Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна интеграција на пазарот и можни федерални гаранции за инвестиции. Планот беше презентиран вчера за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин, додека европските лидери се обидуваат да испратат силна порака до американскиот претседател Доналд Трамп за единството на континентот во поддршка на Украина, објави Ројтерс.
„Силната украинска одбранбена индустрија е од суштинско значење за одбраната од руска агресивна војна и е важен елемент на безбедносните гаранции за одвраќање на идната руска агресија“, според документ дистрибуиран за време на посетата на Зеленски, која следеше по продолжувањето на мировните разговори со американските претставници.
Зајакнување на одбранбената соработка
Според новиот план, Германија и Украина ќе соработуваат поблиску на истражувањето во одбраната, заедничките инвестиции и набавките. Како најголем европски поддржувач на Украина, Германија, исто така, размислува за користење на федерални гаранции за поттикнување инвестиции во одбранбената индустрија на Украина.
Конкретни чекори и иницијативи
Планот, исто така, предвидува испитување на можноста за заедничка набавка на одбранбена опрема произведена во Украина, особено беспилотни летала-пресретнувачи, за заштита на воздушниот простор на НАТО, како дел од европската иницијатива „Небесен штит“.
Со цел зајакнување на индустриските врски, во Берлин ќе се формира канцеларија за врска за украинската одбранбена индустрија наречена Ukraine Freedom House. Министерствата за одбрана на двете земји ќе одржуваат редовни консултации на високо ниво, а Германија ќе го зголеми присуството на своите воени аташеа во Киев и ќе ја интензивира размената на експерти.
Во документот, исто така, се наведува дека Германија и Украина ќе преземат сеопфатни мерки за спречување на корупцијата. Овој потег е одговор на загриженоста на Западот по најголемиот корупциски скандал во Киев за време на војната, што доведе до оставка на двајца министри и началникот на кабинетот на претседателот Зеленски.
Свет
Руски дипломат: На работ сме на договор за мир во Украина
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави во интервју за Еј-Би-Си дека верува оти страните во војната се „на работ“ на дипломатско решение што би го завршило руско-украинскиот конфликт.
„Подготвени сме да постигнеме договор“, рече Рјабков, додавајќи дека се надева оти спогодбата може да биде постигната „поскоро отколку подоцна“.
Неговите изјави доаѓаат откако претставници на американската администрација сигнализираа дека мировен договор можеби е поблизу од кога било, наведувајќи дека околу 90 проценти од спорните прашања веќе се решени.
И покрај оптимистичкиот тон, Рјабков повтори дека Русија не се откажува од контролата врз Крим, како и врз делови од украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, што Киев ги смета за неприфатливи услови.
Тој истакна дека Русија нема да прифати присуство на НАТО-сили во Украина, дури ни како безбедносна гаранција по завршувањето на војната.
Разговорите се водат со посредство на САД, како дел од мировната иницијатива на Белата куќа за ставање крај на руската инвазија започната во февруари 2022 година.
Свет
Мерц: САД се подготвени за обврзувачки безбедносни гаранции за Украина
САД се подготвени да преземат правни безбедносни гаранции слични на член 5 од Договорот за НАТО. Ова го изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, цитиран од „News.LIVE“. Повоениот мир за Украина мора да биде обезбеден со материјални и правни гаранции од САД и Европа, нагласи германскиот канцелар Мерц, додавајќи дека сојузниците повеќе нема да ги повторуваат „грешките од Минските договори“.
Овие гаранции треба да бидат сеопфатни, истакна Мерц, додавајќи дека нивната специфична содржина ќе биде разгледана подоцна: „Во случај на нов напад од страна на Руската Федерација, Украина би можела да се одбрани не само сама, туку и со поддршка на оние земји што ќе ги преземат обврските“.
Според канцеларот, Европејците ѝ ги предале на Русија своите предлози за обезбедување безбедносни гаранции и „топката сега е во дворот на Москва“. Мерц го повика Кремљ да покаже дека навистина сака мир и да се согласи на целосно прекин на огнот со Украина за време на божиќните празници.
Веќе има сигнали од украинската страна и од водечките земји од ЕУ дека е можно на крајот да има договор меѓу САД и Украина за тоа како треба да изгледа идниот мир. Но, Русија сепак ќе мора да биде убедена, дури и ако Украина и САД на крајот постигнат договор за Донбас. Американската страна, исто така, била задоволна од тоа како се одвивале преговорите, тврди Ројтерс, врз основа на свои извори.
„Разговорите не се лесни, но се продуктивни“, коментираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и потврди дека Украина и САД имаат различни ставови за судбината на Донбас.
depositphotos

