Свет
Турција понуди брод што може да го реши проблемот во Суецкиот Канал
Турција би можела да го испрати својот брод „Нене Хатун“, да помогне во решавањето на блокадата во Суецкиот Канал, изјави денеска турскиот министер за транспорт, Адил Караисамилоглу.
Транзитот низ еден од најфреквентните трговски премини во светот е блокиран од вторникот, откако се заглави товарниот брод „Евергрин“ и го блокираше преминот, потсетува агенцијата „Ројтерс“.

„Ние дадовме понуда да им помогнеме на нашите египетски браќа и ако дојде позитивен одговор од нив, нашиот брод ‘Нене Хатун’ е меѓу ретките во светот што може да заврши работа во вкави ситуации“, рече турскиот министер за телевизијата НТВ.
Тој додаде дека Анкара сè уште не добила одговор, но дека е подготвена да дејствува, пренесува „Ројтерс“.
На почетокот на овој месец Турција објави дека ги обновила контактите со Египет. Нивната врска е „на мраз“ откако египетската армија во 2013 година го симна од власт претседателот Мохамед Морси, близок сојузник на Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

