Свет
Турција ќе воведе нов прецизен софтвер за воените дронови против ПКК
Турција разви нов софтвер за воени беспилотни летала што може да ги лоцира терористите со висока прецизност, објави агенцијата „Анадолија“, цитирајќи го турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.
„Со нашиот нов софтвер развиен за беспилотни летала, терористите дури и нема да можат да шетаат во планините. Од средината на мај целиот свет ќе зборува за овој нов софтвер”, рече Сојлу во неделата.
Тој истакна дека новиот софтвер, специјално дизајниран за беспилотни летала што ќе ги ловат припадниците на Курдската работничка партија (ПКК), која се смета за терористичка организација во Турција, ќе го спречи движењето на ПКК во планините.
„Се приближуваме до крајот на нашата борба против ПКК. Целосно го избришавме ПКК од градовите и ги напикавме во пештери во руралните средини”, рече Сојлу.
Коментирајќи го бројот на припадници на ПКК, Сојлу рече дека се намалува бројот на оние кои сакаат да се приклучат кон организацијата.
„Во минатото илјадници луѓе ќе се приклучија на групата. Во 2017 и 2018 година вкупно 294 луѓе се приклучија на ПКК. Бројот на оние кои се предадоа во истиот период беше 800″, тврди тој.
Сојлу истакна дека од тие 800 што се предадале, околу 350 го сториле тоа бидејќи владините функционери успеале да допрат до членовите на нивните семејства, кои, пак, ги убедиле борците да се откажат од тероризмот.
Анкара се подготвува за нова прекугранична операција против ЈПГ, тврди „Ахвал њуз“.
Турција досега спроведе најмалку две воени операции против курдските организации – „Штитот Еуфрат“ (2016-2017) и „Маслинова гранка“ (2018 година).
Турската влада смета дека Курдистанската работничка партија е терористичка организација, заедно со Курдските народни единици за заштита (ЈПГ) кои работат во Сирија, што Анкара ги смета за група поврзана со ПКК.
Двете организации се забранети во Турција и, според Анкара, претставуваат закана за националната безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

