Свет
Уапсени гардисти кои украле оружје и киднапирале венецуелски офицери

Венецуелската армија соопшти дека уапсила неколку гардисти кои украле оружје и киднапирале двајца офицери.
Изјавата, наводно, ги потврдува извештаите за бунт во единица на националната гарда, кои предизвикаа вознемиреност во сиромашен кварт, неколку километри од претседателската палата во Каракас, објави агенцијата АП.
Армијата цитира дека ултрадесничарски групации ги мотивираат гардистите да ја прекршат заклетвата.
Во соопштението се истакнува дека сето одземено оружје е пронајдено.
Венецуелскиот министер за одбрана, Владимир Падрино Лопес, испрати порака до „Твитер“, ветувајќи дека сите бунтовни гардисти ќе бидат казнети во согласност со законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тинејџерка силувана во јавен тоалет на плажа во Англија, уапсен 31-годишен маж

Рано наутро во неделата, полицијата во Дорсет добила пријава за силување на една од најпознатите плажи во Англија, плажата Борнмут, објавува „The Sun“.
Според официјалните полициски информации, околу 2 часот наутро, било пријавено дека девојката, за која се вели дека е во доцните тинејџерски години, била сексуално нападната во јавен тоалет покрај плажата.
Полицијата веднаш реагирала и уапсила 31-годишен маж под сомнение за силување. Во тек е кривична истрага, а форензичките експерти го обработуваат местото на настанот, кое беше ограничено со полициска лента.
На жртвата ѝ е обезбедена поддршка од специјализирани полицајци кои се специјално обучени за работа со жртви на сексуално насилство од почетокот на истрагата.
„Полициските службеници интензивно патролираат низ областа и ги охрабруваме сите што имаат какви било информации или загрижености да не контактираат“, соопшти полицијата во Дорсет.
Истрагата продолжува, а полицијата нагласува дека нивен приоритет е безбедноста на заедницата и собирањето на сите релевантни докази што би можеле да помогнат во овој случај.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Свет
Рутe: Русите произведуваат четири пати повеќе муниција од НАТО

Генералниот секретар на САД, Марк Руте, предупреди дека военото производство на Русија е значително поголемо од она на НАТО, повикувајќи ги западните земји да ги зголемат воените трошоци.
Во интервју за „Њујорк тајмс“, Руте предупреди за воените капацитети на Русија, истакнувајќи дека земјата е „реконституирана со темпо и брзина што е неспоредлива во поновата историја“.
Тој рече дека Москва „произведува три пати повеќе муниција за три месеци отколку што целиот НАТО произведува за една година“.
Руте посочи на предлогот за зголемување на воените трошоци на НАТО на 5% од БДП – бројка на која инсистира американскиот претседател Доналд Трамп – при што 3,5% би оделе во основни воени буџети, а дополнителни 1,5% би биле наменети за области како што се сајбер одбраната и подготовката на цивилната инфраструктура.
„Да, ова е огромна сума на трошоци. Но, ако не го направиме тоа, ќе мора да научиме руски“, рече генералниот секретар на НАТО.
На прашањето дали зголемените трошоци за одбрана ризикуваат да поттикнат трка во вооружување со Русија, Руте рече: „Мора да се осигураме дека има одвраќање“, истакнувајќи ги големите инвестиции на Русија во тенкови, артилерија, воздушна одбрана и муниција.