Свет
Уапсен Стив Бенон, поранешен советник на Трамп

Американските медиуми пренесоа дека е уапсен Стив Бенон, поранешниот главен советник на Доналд Трамп.
Бенон е обвинет од федералните обвинители во Њујорк за измама во кампања при прибирање финансиски средства за поддршка на идејата на Трамп за изградба на ѕид на границата со Мексико, а заедно со него обвинети се и три други лица.
Бенон бил уапсен во утринските часови, посочи портпаролот на обвинителството. Адвокатот на Стив Бенон не сакал да го коментира случајот.
Си-ен-ен јави дека четворицата се обвинети за измама тешка стотици илјади долари, донирани на групата наречена We Build the Wall, а парите ги искористиле за сопствени потреби.
Бенон во текот на денот треба да се појави пред судија во Њујорк.
Трамп го отпушти Бенон во 2017 година. Тој работеше како негов стратег во предизборната кампања во која стана претседател.
Американските медиуми Бенон го опишуваат како тврдокорен десничар, кој преку своите „Брајтбарт њуз“ со години објавувал антиисламски и шовинистички информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Иран за нападот врз израелската болница: Целта беше воена база

Иранските државни медиуми објавија дека цел на ракетниот напад утринава не била болницата Сорока во Бершева, туку воената инфраструктура на израелската армија во нејзина близина.
Според агенцијата ИРНА, нападот бил насочен кон командно-разузнавачкиот центар на израелската армија (IDF C4i) и воениот разузнавачки камп лоциран во технолошкиот парк Гав-Јам Негев, веднаш до болницата и кампусот на Универзитетот Бен Гурион.
Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z
— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025
„Воената инфраструктура беше директна и прецизна мета, а болницата беше само изложена на ударниот бран“, се наведува во извештајот.
Претходно денеска израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека болницата Сорока била погодена од иранска балистичка ракета. Болницата се наоѓа во градот Бершева и обезбедува здравствена заштита на припадниците на сите заедници – Евреи, муслимани, христијани и арапски бедуини, објави Министерството.
Израел рече дека ќе продолжи да дејствува за да го заштити сиот свој народ, од сите сфери на животот.
Нападот на болницата е дел од поширокиот ирански ракетен напад на израелска територија, како дел од ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји. Според достапните информации, дел од цивилното население во моментот на нападот се наоѓало во реонот на болницата. Во нападот се ранети десетици луѓе.
Свет
Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми и неколку телевизиски станици.
Нападот се случи откако претходно истиот ден Израел го повика населението да ја евакуира областа.
Израелската војска потврди дека го гаѓала објектот во Арак, на околу 400 километри западно од иранската престолнина, велејќи дека тоа е дел од напорите да се уништи иранската нуклеарна инфраструктура.
Иранските власти тврдат дека евакуацијата не била завршена во моментот на нападот, пренесува новинската агенција ИСНА. Но, други извори тврдат дека сите цивили успеале да се засолнат пред нападот. Според истите извори, нема опасност од радиоактивно зрачење.
Свет
Израел го напаѓа Иран седма ноќ по ред

Израелската војска во четвртокот објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република.
„Израелските воздухопловни сили во моментов спроведуваат серија напади врз Техеран и други области на Иран“, објави израелската војска на „Телеграм“.
Најавувајќи ги претстојните напади, израелската армија повика на евакуација на иранските села Арак и Хондаб, кои се наоѓаат во близина на нуклеарни постројки.
„Израелските одбранбени сили итно ги повикуваат жителите, работниците и сите присутни во иранските села Арак и Хондаб (…) да се евакуираат веднаш“, се вели во Телеграм.
Иранската противвоздушна одбрана беше активирана во центарот на Техеран и пресретна беспилотни летала над главниот град на Иран, објави полуофицијалната новинска агенција СНН.