Свет
Убиена тинејџерка во инцидент што избувна по елиминацијата на Бразил од Хрватска
Тинејџерка од Бразил (17) е застрелана во градот Баретос по инцидент што избувна по елиминацијата на Бразил од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство, додека три лица се ранети, јавува бразилскиот „Г1“.
Во текстот се наведува дека вчера дошло до тепачка во трговскиот центар, која потоа продолжила надвор од зградата.
Раководството на трговскиот центар соопшти дека дошло до конфликт во нивните простории меѓу младите кои го следеле натпреварот против Хрватска,пренесе Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 68 дронови
Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија.
„Две балистички ракети Искандер-М ги погодија регионите на Полтава и Одеса, а две ракети Х-59 беа лансирани кон регионите Чернихив и Суми“, соопштија украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.
Украинските сили за противвоздушна одбрана, наводно, уништиле 31 дрон.
Свет
Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск, вели Зеленски
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск, иако руската армија се обидува да ги врати назад.
– Во врска со операцијата Курск, Русија се обиде да ги потисне нашите позиции, но ние се држиме, изјави Зеленски во вечерното радио обраќање.
Руската армија на почетокот на неделата соопшти дека вратила две села во Курската област и најави дека ќе продолжи со акциите за истиснување на украинските сили од нејзината територија.
Зеленски призна дека украинскиот упад во регионот Курск во август беше осмислен за да се повлечат руските војници од позициите во источна Украина, каде што напредуваа изминатите месеци.
Руските војници сè уште напредуваат во источна Украина, особено кон Покровск, клучен логистички центар за украинските сили.
Регион
Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во Македонија и во Бугарија.
Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри североисточно од Врање, а потресот бил на длабочина од 14 километри и се почувствувал во 4 часот и 48 минути по локално време.