Свет
Убиени двајца американски војници во Авганистан

Двајца американски војници настрадаа во Авганистан, соопшти командата на НАТО, додавајќи дека војниците биле убиени за време на акција не наведувајќи повеќе детали.
Вкупно 12 американски војници настрадаа во судирите во Авганистан од почетокот на годинава, а САД се обидуваат да поттикнат директни преговори меѓу авганистанските власти и талибанските бунтовници.
Речиси 2.300 американски војници загинаа и повеќе од 20.400 се ранети во Авганистан од 2001 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
OН: Ако не ја одбраниме Украина, ќе следи глобален хаос

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека неуспехот да се постигне праведен мир кој го почитува територијалниот интегритет на Украина може да го поткопа меѓународното право и да предизвика хаос низ целиот свет.
„Во вакво време, исклучително е важно меѓународното право да преовладува“, рече Гутереш на конференцијата во Берлин, додавајќи: „Во спротивно, ја отвораме вратата за хаос низ целата планета“.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус додаде дека нема индикации оти рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува за прекин на огнот, пренесе „Ројтерс“.
Свет
Киев: Се’ уште не добивме одговор од Путин

Киев сè уште не добил никаков одговор од Москва за тоа дали рускиот претседател Владимир Путин ќе дојде на можни мировни преговори во Турција, изјави денеска украински функционер за АФП.
„Во неделата, претседателот Зеленски понуди средба во четврток“, рече изворот кој сакаше да остане анонимен, додавајќи: „До среда попладне, сè уште не добивме никаков одговор од Путин“.
Регион
Тинејџерка во Ровињ пријавила дека била силувана: отишла на државно натпреварување, била нападната во текот на ноќта

Хрватската полиција започна истрага откако малолетнича пријавила силување кое наводно се случило ноќта на 7 мај во станбениот комплекс во Истра каде што се одржувал државниот натпревар за средношколци.
Според „Јутарњи лист“, случајот го води Личко-Сењската полиција, со оглед на локацијата каде што е примена пријавата. Малолетничта пријавила силување во присуство на возрасен член на семејството, врз основа на што полицијата направила записник и веднаш започнала со преземање на други службени дејствија.
По анонимна дојава од загрижени родители според написите на „Јутарњи лист“ тие побарале итна истрага поради овој случај, бидејќи веруваат дека силувањето се случило поради небрежност на возрасните кои ги придружувале учениците на државниот натпревар.
Во писмото, тие ги наведуваат имињата на лицата (образовните работници) за кои сметаат дека не презеле основни мерки за заштита на малолетниците, односно ги оставиле без надзор во текот на ноќта.
Според нивните информации, настанот се случил помеѓу 00:30 и 03:30 часот, а околу 16:00 часот малолетничката се јавила кај својата пријателка и ѝ кажала што се случило.
Во тек е серија интервјуа, со оглед на големиот број луѓе кои дознале за случајот бидејќи се појавила паника и нервоза кај децата и родителите. Клучни ќе бидат наодите од гинеколошкиот преглед на жртвата, по што полицијата ќе го испраша осомничениот млад човек, пренесува медиумот.
Кога ќе заврши кривичната истрага, полицијата ќе поднесе извештај до надлежното државно обвинителство врз основа на собраните информации.