Контакт

Свет

Убиства, алкохол и проститутки: Вагнеровците се враќаат дома и ги тероризираат граѓаните

Објавено пред

Приватната воена компанија Вагнер регрутирала десетици илјади затвореници, вклучително и убијци и домашни насилници, за да се борат во некои од најкрвавите битки во војната за време на руската инвазија на Украина. Се верува дека многумина загинале во Украина, но оние кои преживеале шест месеци борејќи се во редовите на Вагнер, заработија претседателски помилувања и сега се враќаат во своите родни места.

dobivaj vesti na viber

Во понеделникот, еден од помилуваните затвореници го уби 38-годишниот Сослан Валиев во Цхинвали, главниот град на Јужна Осетија. Цугри, како што сите во градот со љубов го нарекуваа Валиев, имаше потешкотии во развојот. „Колку можев да се сетам на Цхинвали, Цугри секогаш беше таму, со широка насмевка ги поздравуваше автомобилите кои влегуваа во градот“, рече новинарот Алик Пухати, кој по потекло е од Јужна Осетија.

„Беше сакан од сите во нашата тесно поврзана заедница. Беше добредојден гостин на свадби и вечери, луѓето навистина се грижеа за него и се трудеа околу него“, додаде тој. Меѓутоа, во понеделникот вечерта низ градот одекна веста дека Цугри е убиен. Вознемирувачко видео објавено на каналите на Телеграм покажува како маж го брка и клоца Цугри неколку моменти пред наводно да го избоде до смрт, пишува Гардијан.

„Сите се во шок…луѓето прашуваат: „Како може да се случи ова?“, рече Пухати. Локалните власти во раните утрински часови следниот ден објавија дека уапсиле маж осомничен за убиството на Цугри. За убиството е осомничен Георгиј Шиукаев, осуден убиец кој минатата есен беше регрутиран од затвор од паравоената организација Вагнер.

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека повеќе од 5.000 поранешни криминалци веќе се ослободени поради нивните воени заслуги. Нивното ослободување ги поттикна стравувањата дека поранешните криминалци ќе продолжат да вршат нови злосторства, а стравувањата само се зголемуваат со серија насилни злосторства извршени од поранешните војници на Вагнер.

Пригожин рече дека Шиукаев всушност ги бранел случајните минувачи кои биле малтретирани. Сепак, Анатолиј Бибилов, поранешниот претседател на Јужна Осетија, ја отфрли изјавата на Пригожин. Бибилов тврди дека Цугри бил „љубезен и безопасен тип кој го сакале сите, со ретки исклучоци“.

Убиството на Цугри не е прво за кое беше осомничен помилуван Вагнеровец. 85-годишна пензионерка беше убиена на крајот на март во нејзиниот дом во град во Кировска област. Сторителот беше идентификуван како 28-годишниот Иван Росомакин, кој во 2020 година беше осуден на 10 години затвор за убиство. И тој беше регрутиран од Пригожин и неодамна се врати во родниот град по борбите во Украина.

Веста за неговото враќање длабоко ја вознемири локалната заедница од неколку стотици луѓе и доведе до состанок во градското собрание, кој беше снимен од локален ТВ канал. За време на состанокот, началникот на полицијата Вадим Варанкин ветил дека „проблематичниот“ Росомакин ќе биде изнесен од градот на 28 март.

Само еден ден подоцна, Росомакин влегол во дрвената куќа на 85-годишната жена и ја убил со секира. „Државата и лично Путин и Пригожин се виновни за нејзината смрт и треба да одговараат за неа. Пуштија болно копиле во заедницата“, смета роднината на убиената старица. Роднината, како и другите членови на семејството со кои контактираше Обсервер, рекоа дека стравуваат од одмазда од државата поради тоа што зборувале против Вагнер.

На почетокот на оваа година, Владимир Путин потпиша закон со кој е кривично дело јавното критикување на борците на Вагнер или објавувањето негативни извештаи за нив. Набргу потоа, рускиот активист, кој откри детали за погребите на платениците на Вагнер, убиени во Украина, избега од земјата.

Пригожин им дал гаранција на поранешните осуденици кои ги отслужиле своите договори во Украина дека ќе им помогне доколку влезат во неволја со полицијата. „Полицијата треба да се однесува со вас со почит. Ако е неразумно… ќе контактирам и ќе ги средам работите со гувернерите и така натаму. Ќе најдеме решение“, изјави неодамна Пригожин пред група поранешни затвореници.

Претставник на невладината организација за правата на затворениците, Затворена Русија, истакна дека изјавата на Пригожин само придонесува за растечкото чувство на неказнивост кај затворениците кои се враќаат дома. Еден од овие поранешни криминалци е Алексеј Савичев, кој во март се вратил во родниот град Воронеж, град на југозападот на Русија.

Вагнер го регрутирал 49-годишниот Савичев минатиот септември. Се борел вкупно шест месеци во Украина, прво во битката за градот Соледар, а подоцна и во Бахмут. Во интервју објавено претходно оваа недела, тој призна дека убил и мачел „десетици“ украински воени заробеници.

Савичев раскажа како е по враќањето во Воронеж брзо ја потрошил целата сума што ја заработил додека бил со Вагнер, приближно еден милион рубљи (10.000 фунти), на „алкохол и проститутки“. „Пиев практично без престан, конечно имав слобода и многу пари“, вели тој.

Савичев за Обсервер опиша како полицијата во Воронеж повремено го приведувала доцна навечер поради недолично однесување. Сепак, според неговото сведочење, тој секој пат бил ослободен откако на полицијата и покажувал дел од медалите што ги добил за борбите во Украина, меѓу кои и награда за „храброст“.

„Полицајците ме третираа по малку како херој. Ми се чинеше дека можам да се извлечам без ништо“, се пофали Савичев, додавајќи дека полицајците ќе го поканат на чај за да слушнат приказни за времето поминато со Вагнер.

Свет

Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица

Објавено пред

Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.

dobivaj vesti na viber

– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.

Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.

– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.

Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.

Прикажи повеќе...

Свет

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Објавено пред

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.

Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.

Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.

Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.

Прикажи повеќе...

Свет

Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина

Објавено пред

Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.

dobivaj vesti na viber

Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.

Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.

Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.

Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.

Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.

Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет12 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион13 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија15 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет17 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија18 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија20 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија3 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија3 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...