Свет
Ужасно злосторство во Америка: полицијата пронајде бебе со 50 каснувања од стаорци, семејството обвинето за запоставување

Полицијата во Индијана присуствувала на страшен настан кога пронашла крваво бебе, кое било изедено од стаорци. Родителите и тетката на бебето се уапсени и обвинети за негрижа.
Како што објави „Мирор“, бебето имало рани по целото лице и по телото, а според извештаите, му недостигале неколку прсти од десната рака.
Лекарскиот преглед откри повеќе од 50 каснувања на челото, образот, носот, бутот, стапалото и прстите. На детето му била потребна трансфузија на крв, а биле извршени и операции за реконструкција на лицето на бебето.
Dad of baby boy gnawed by rats claimed his temper goes ‘from zero to prison’ https://t.co/Hll46GSxns pic.twitter.com/tCXyheRa78
— New York Post (@nypost) September 22, 2023
Полицијата соопшти дека куќата во која било пронајдено бебето била полна со ѓубре и измет од стаорци. Според полицаецот Дејвид Шоенабаум, стаорци биле забележани во куќата уште во март.
Одделот за детски услуги во Индијана наводно го посетил семејството на 5 септември. Родителите тогаш рекле дека трагите на прстите на бебето, најверојатно, биле само гребнатини од рамката на креветот.
Подоцна беше откриено дека против двојката биле поднесени неколку случаи.
Полицискиот наредник Ана Греј изјави за медиумите дека ова е еден од најлошите случаи на запоставување на децата што ги видела во својата децениска полициска работа.
„Навистина е тешко да се види тоа и да се задржи присебноста и да се биде професионален“, рече Греј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина: Се надеваме на договор за Украина што е прифатлив за сите страни

Кина денес изјави дека се надева на договор за Украина „прифатлив за сите страни“, пред состанокот во Белата куќа меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку европски лидери.
Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега би можел речиси веднаш да ја заврши војната со Русија, исклучувајќи ја можноста Киев да ја врати контролата врз полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и да се приклучи кон НАТО. Украинскиот претседател прво ќе одржи приватни разговори со Трамп, почнувајќи во 19 часот по средноевропско време, а потоа ќе им се придружат и европските лидери.
„Се надеваме дека сите засегнати страни ќе учествуваат во мировните преговори навремено и што е можно поскоро ќе постигнат праведен, траен, обврзувачки и сеприфатлив мировен договор“, изјави Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција.
Заедно со Зеленски, во Белата куќа се очекуваат и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Самитот одржан пред три дена во Алјаска меѓу американскиот претседател и неговиот руски колега Владимир Путин не доведе до прекин на огнот.
Кога беше прашана за средбата меѓу Трамп и Путин, портпаролката Мао Нинг денес потврди дека Кина ги поддржува сите напори насочени кон мирно решавање на кризата. „Кина е задоволна што Русија и САД одржуваат контакт, ги подобруваат своите односи и промовираат политичко решение за украинската криза“, нагласи таа.
Свет
Украина: Погодивме нафтовод во Русија

Украинската војска потврди дека погодила нафтовод во рускиот регион Тамбов, со што се прекина снабдувањето од нафтоводот Дружба.
Претходно денес, унгарското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина за напад врз тој нафтовод и изјави дека протокот на руска нафта кон Унгарија е запрен поради тоа.
„Украина повторно го нападна нафтоводот што води до Унгарија, прекинувајќи го снабдувањето“, напиша унгарскиот министер за надворешни работи на платформата „Икс“.
„Овој последен напад врз нашата енергетска безбедност е срамен и неприфатлив!“
Украинскиот шеф на дипломатијата Андриј Сибиха одговори на таа објава, велејќи дека „Русија, а не Украина, ја започна оваа војна и одбива да ја заврши“.
Сибиха додаде дека Унгарија со години е предупредувана дека Москва не е сигурен партнер.
Свет
Трамп: Денес е голем ден во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека денес е „голем ден во Белата куќа“.
„Америка никогаш немала толку многу европски лидери тука истовремено“, напиша тој на својот профил на „Тру соушал“.
„Голема чест за Америка!!!! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите???“
Во исто време, според извештајот на агенцијата Укринформ, Володимир Зеленски се среќава со американскиот претставник Кит Келог во Вашингтон пред неговите разговори со Трамп.