Контакт

Свет

Украина бара оружје од Израел

Објавено пред

Украинскиот шеф на дипломатијата разговараше со израелскиот премиер, Јаир Лапид, за барањето на Киев да испрати систем за противракетна одбрана и систем за противвоздушна одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Разговарав со израелскиот премиер Јаир Лапид и го информирав за неискажливото страдање, загубата на животи и уништување предизвикани во Украина од руски ракети и ирански беспилотни летала. Разговаравме детално за барањето на Украина до Израел за противвоздушни и ракетни одбранбени системи“, објави Кулеба.

Иако Израел ја осуди руската инвазија на Украина, најави и дека нема да испраќа оружје во Киев. Тој ја ограничи својата помош за Украина на хуманитарни потреби, нагласувајќи ја неговата желба за продолжување на соработката со Москва во врска со Сирија, но и заштита на руските Евреи.

Израел неодамна понуди да и’ помогне на Украина да развие систем за предупредување од воздушен напад.

Канцеларијата на Лапид објави дека израелскиот лидер уште еднаш ја изразил поддршката на Израел за Украина, додавајќи дека се „длабоко загрижени“ за воените врски меѓу Иран и Русија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Коалиција на волните во Париз: ЕУ нуди гаранции за Украина, САД се подготвени да интервенираат

Објавено пред

Се очекува европските земји денес да ја изразат својата подготвеност да обезбедат правно обврзувачки безбедносни гаранции за Украина, додека од САД се очекува да се обврзат на „клучна улога“ во нивното спроведување, вклучително и интервенција во случај на нов руски напад, според нацрт-заедничката декларација од состанокот на таканаречената коалиција на волните во Париз.

dobivaj vesti na viber

Коалицијата на волните, неформална група земји кои изразија подготвеност да ја гарантираат безбедноста на Украина по прекинот на огнот со Русија, се состана денес во Елисејската палата, под домаќинство на францускиот претседател Емануел Макрон.

САД во Париз ги претставуваат Стив Виткоф, претставник на Вашингтон за преговори со Москва, и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател и еден од преговарачите за мир во Украина.

Според нацрт-декларацијата, европските лидери ќе ја прогласат својата подготвеност да обезбедат „правно обврзувачки“ безбедносни гаранции за Украина. Овие гаранции би вклучувале меѓународни сили, „поддржани“ од американски ресурси.

Во документот се нагласува дека способноста на Украина да се брани е клучна за нејзината иднина, како и за пошироката евроатлантска безбедност. Исто така, се наведува дека членовите на коалицијата и САД „се подготвени да играат клучна и тесно координирана улога“ во системот на безбедносни гаранции.

Нацртот, исто така, предвидува воспоставување на „долгорочен и сигурен“ механизам за следење на спроведувањето на прекинот на огнот, со кој претседаваат САД со меѓународно учество.

Коалицијата, со поддршка од САД, се согласи да продолжи со воената помош за Украина, која во документот се опишува како „прва линија на одбрана и одвраќање“. Ова вклучува нови пакети за воена помош, поддршка за финансирање на украинските вооружени сили и обезбедување пристап до снабдување со оружје во случај на идни конфликти.

Според нацртот, сите мировни сили во Украина би биле предводени од европски земји, додека САД би придонесувале со разузнавање и логистика, а во случај на напад, со вооружени сили.

Прикажи повеќе...

Регион

Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро

Објавено пред

Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.

dobivaj vesti na viber

Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.

„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.

Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.

Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.

Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

Прикажи повеќе...

Свет

Москва: Венецуела треба сама да ја одреди својата судбина без надворешно мешање

Објавено пред

Руското МНР денес соопшти дека го поздравува назначувањето на Делси Родригез за привремен претседател на Венецуела, додавајќи дека жителите на Венецуела треба сами да ја одредат својата судбина без надворешно мешање.

dobivaj vesti na viber

Сменетиот венецуелски претседател Николас Мадуро вчера во Њујорк се изјасни за невин по обвиненијата за трговија со дрога, откако беше заробен од американските специјални сили, во рација. Операцијата ја разбранува политичката сцена во Каракас, каде што лидерите брзо се прегрупираат.

„Важно е, пред сè, да се спречи понатамошна ескалација“

Министерството за надворешни работи на Русија преку соопштението информираше дека ги поздравува напорите на венецуелските власти да го заштитат својот суверенитет и националните интереси.

Русија во саботата го осуди нападот на САД врз Венецуела и повика на спречување на ескалација и обид за наоѓање решение преку дипломатски средства. Нагласи дека изговорите за акцијата се „неосновани“, поддржувајќи го барањето на лидерите на Венецуела и Латинска Америка за итен состанок на Советот за безбедност на ОН.

„Во сегашната ситуација, важно е, пред сè, да се спречи понатамошна ескалација и да се фокусираме на наоѓање излез од ситуацијата преку дијалог“, повика Москва.

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за национална безбедност на Русија, во неделата изјави дека Латинска Америка се смета за „двор“ на САД и дека Трамп се чини дека сака контрола врз нафтените залихи на Венецуела, нарекувајќи ги постапките на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела нелегални.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија2 часа

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа3 часа

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија6 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ6 часа

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа7 часа

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија8 часа

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ8 часа

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...

Свет10 часа

(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за...

Свет11 часа

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...

Свет11 часа

Трамп: Нема да има избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја средиме земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Ќе потрае некое време“...

Свет11 часа

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа...

Свет1 ден

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ...

Економија1 ден

Директорката на УЈП не призна грешка во испратените решенија за данок од работа во странство, но повика секој што има доказ дека е платен, да го достави

Решенија за оданочување на доход од странство за 2020 година Управата за јавни приходи (УЈП) законски морала да ги испрати...

Македонија1 ден

Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането

Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Цела структура на ВМРО во „Алта Банка“, Неделкова, баџанакот на Тошковски, Кадиевска-Војновиќ

Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател, се враќа фокусот...

Македонија1 ден

МНР: Наместо неаргументирани коментари, од Бугарија очекуваме европско однесување и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик

Република Северна Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување...

Македонија1 ден

Бугарското МНР: Скопје повторно отстапува, прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците е внатрешно

Бугарија изразува загриженост за отстапувањата на Скопje од Европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавија...

Свет1 ден

Орбан: Пред нас се уште понестабилни, непредвидливи и опасни години

Американските акции против Венецуела дадоа дополнителен доказ дека сегашниот глобален поредок се распаѓа, додека новиот свет сè уште не е...