Свет
Украина го ограничува движењето на цивилите во регионот што граничи со Русија

Украина го ограничува движењето на цивилите во зоната од 20 километри во североисточниот регион, кој се граничи со Русија, соопшти главниот штаб во Киев, а нејзините војници сѐ повеќе притискаат на руска територија среде ненадејна офанзива.
Мерката, која се однесува на делови од регионот Суми, кој се граничи со рускиот Курск, беше потребна поради „зголемениот интензитет на непријателствата“ и активирањето на руските диверзантско-разузнавачки групи во областа, се вели во соопштението. Воената команда воведе ограничувања за движење на сите категории граѓани во пограничната зона на регионот Шуми“, се вели во соопштението на социјалните мрежи.
Од Генералштабот додаваат дека мерката е привремена. Украинските војници ја пробија руската граница, на речиси 530 километри југозападно од Москва, минатата недела во напад што резултира со заземање делови од руска територија и масовна евакуација на цивили од двете страни на границата.
Вчера, генералот Олександар Сирски, врховен командант на украинските вооружени сили, објави дека Украина контролира околу 1.000 квадратни километри во областа Курск. Руските воени набљудувачи веруваат дека руските сили ќе успеат да го запрат украинското напредување, прво на руска територија од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото+видео) Тајфунот Вифа го парализира Хонг Конг – издадено највисоко предупредување, откажани над 200 летови

Хонг Конг издаде највисоко предупредување за бура – сигнал број 10 – додека тајфунот Вифа ги погоди јужните делови на територијата со силни ветрови и обилни дождови. Ветровите достигнаа брзина од над 167 километри на час, предизвикувајќи хаос во воздушниот и јавниот сообраќај.
Метеоролошката опсерваторија го зголеми нивото на тревога во 9:20 часот наутро и соопшти дека се очекува силното невреме да продолжи „некое време“. Вифа се движи на околу 50 километри јужно од градот, а урагански ветрови го погодуваат јужниот дел од Хонг Конг.
Le typhon #Wipha est actuellement situé à proximité de Hong Kong. https://t.co/5MB1ABrd36 pic.twitter.com/rzGQO65eOQ
— Guillaume Séchet (@Meteovilles) July 20, 2025
Поради опасните временски услови, авиокомпанијата Кетај Пацифик Ервејс ги откажа сите летови од и до Хонгконшкиот аеродром во периодот од 5 до 18 часот. Патниците добија можност бесплатно да ги променат своите резервации.
HKFP noted strong winds and huge waves around the Heng Fa Chuen Promenade at around noon on Sunday as hurricane-force Wipha descended on China’s southern coast. Hong Kong raised the 10 storm warning for the first time since 2023 – it is the highest signal, and is set to remain in… pic.twitter.com/1OicvqZTgm
— Hong Kong Free Press HKFP (@hkfp) July 20, 2025
Покрај авионскиот сообраќај, во неделата беше суспендиран и поголемиот дел од јавниот превоз, вклучително и фериботските линии, поради високите морски бранови.
Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови и да не се приближуваат до прозорци, поради опасност од летачки предмети.
Европа
САД и ЕУ имаат 18 месеци да се подготват за можен вооружен конфликт со Кина и Русија, кажа командант на НАТО

Врховниот командант на НАТО во Европа, генерал Алексус Гринкевич, процени дека САД и Европската Унија имаат година и пол да се подготват за потенцијален глобален вооружен конфликт со Кина и Русија.
Тој додаде дека верува оти Пекинг и Москва би можеле да нападнат истовремено и координирано, пренесува „Билд“.
– Она што кинескиот лидер Си Џинпинг веројатно ќе го направи пред да одлучи да преземе воена акција против Тајван е да му се јави на својот пријател Путин и да го замоли за помош. Тоа за мене значи дека обете работи би можеле да се случат истовремено – рече Гринкевич за време на конференцијата за одбрана во Висбаден, Германија, каде што се наоѓа Командата на НАТО за безбедносна помош и обука на вооружените сили на Украина.
Тој додаде дека 2027 година би можела да биде „потенцијална кризна година“.
– Ќе ни треба секое оружје, опрема и муниција што можеме да ја набавиме за да бидеме подготвени – нагласи командантот на НАТО.
Според германскиот весник, во владините кругови во Берлин расте стравот дека Русија наскоро би можела да нападне една од помалите земји-членки на НАТО, бидејќи се очекува земјите од Алијансата да постигнат сериозни одбранбени способности дури во 2029 година.
Според „Билд“, некои министри во владата на Фридрих Мерц очекуваат дека руска воена провокација би можела да се случи во 2027 година.
Свет
Авион принудно слетал во САД поради обид на патник да ја отвори вратата

Авион на линијата Омаха-Детроит во САД мораше да изврши итно слетување во Ајова поради патник кој се обидел да ја отвори вратата за време на летот.
Откако полицијата го уапсила, кај него пронашла 41 таблета од лекот „Ксанакс“.
Инцидентот се случил во среда навечер по локално време, за време на летот на авионот на „Скај Вест ерлајнс“, кој извршил итно слетување во Сидар Рапидс, во државата Ајова, објави Си-Ен-Ен.
Патникот кој се обидел да ја отвори вратата претходно се скарал со стјуардесата, според пилотот.
Авионот слета безбедно, а на видео објавено на социјалните мрежи може да се види како полицијата го вади патникот со лисици од авионот.