Свет
Украина контролира над две третини од „сивата безбедносна зона” во Донбас

Украинските сили презеле контрола над две третини од т.н. „сива безбедносна зона” во Донбас, тврди украинскиот претседателски советник и помошник на министерот за одбрана, Јуриј Бирјуков.
„Сивата зона” ги одделува силите на самопрогласените народни републики Донецк и Луганск и силите на украинската армија. Границите на зоната се дефинирани со договорот од Минск, а испраќањето војници во населби во сивата зона претставува кршење на договорот.
Украинските сили постојано најавуваа преземање контрола над нови позиции во „сивата зона” за време на нивната воена операција во Донвас, пренесува ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
По 160 години, Долниот дом на британскиот парламент ја поддржа декриминализацијата на абортусот

Пратениците во Долниот дом гласаа за декриминализација на абортусот во Англија и Велс, што е историски потег што ќе донесе најдалекусежна промена во репродуктивните права во последните децении. По емотивна и страсна дебата, пратениците гласаа за реформата со 379 гласови „за“ и 137 „против“.
Тие со огромно мнозинство го поддржаа амандманот на пратеничката од Лабуристичката партија Тони Антонијаци за отстранување на „заканата од истрага, апсење, гонење или затворање“ за секоја жена што дејствува во врска со сопствената бременост, пишува „Индипендент“.
Реформата е дизајнирана да ги заштити жените, а воедно да ги задржи казните за насилните партнери или медицинските професионалци кои прекинуваат бременост надвор од постојната законска рамка. За време на дебатата, пратениците тврдеа дека британскиот „викторијански“ закон за абортус „сè повеќе се користи против ранливи жени и девојки“.
Според сегашниот закон, абортусот во Англија и Велс е кривично дело, но е дозволен до 24-та недела со одобрение од двајца лекари. Исто така е дозволено во одредени околности по тој период, како на пример кога животот на мајката е во опасност.
На жените може да им се препишат и лекови за прекинување на бременоста дома ако се бремени помалку од 10 недели.
Поддршката за реформа на законот порасна во последниве години, што се совпаѓа со зголемувањето на бројот на гонења на жени обвинети за вршење нелегални абортуси.
Сепак, потегот наиде на силен отпор од министерката за правда Шабана Махмуд, која ги опиша реформите како екстремни.
Антонијаци вели дека полицијата истражувала повеќе од 100 жени во текот на изминатите пет години под сомнение за нелегални абортуси, вклучувајќи жени кои доживеале спонтани абортуси и мртвородени деца.
„Секој од овие случаи е пародија, овозможена од нашиот застарен закон за абортус. Првично беше донесен од машки парламент избран од мажи. Овој викторијански закон сè повеќе се користи против ранливи жени и девојки“, рече Антонијаци.
Свет
Русија предуредува дека воената помош на САД во Израел ќе ја дестабилизира состојбата

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, предупреди дека директната американска воена помош за Израел би можела радикално да ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток, каде што беснее шестдневна воздушна војна меѓу Иран и Израел.
Според новинската агенција Интерфакс, Рјабков рекол дека Русија ги предупредува САД да не му даваат таква помош на Израел, па дури ни да разгледуваат такви „шпекулативни опции“.
„Ова би бил чекор што радикално би ја дестабилизирал целата ситуација“, рекол тој.
Рјабков потврди дека Москва е во контакт со Ерусалим и Техеран.
Во посебен коментар, шефот на руската служба за надворешно разузнавање, СВР, Сергеј Наришкин, рече дека ситуацијата меѓу Иран и Израел сега е критична.
Претходно, извор запознаен со внатрешните дискусии во САД изјави дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим разгледуваат низа опции, вклучително и приклучување кон Израел во нападот врз нуклеарните постројки на Иран.
Свет
Техеран е претежно празен, луѓето избегаа од градот

Улиците на иранската престолнина денес беа претежно пусти поради израелските напади, јавуваат странските медиуми.
Повремено автомобили или мажи на скутери минуваа покрај затворените продавници откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека сите треба „веднаш да се евакуираат“.
Израел, повторувајќи ја тактиката што често ја користи во Газа, исто така ги повика жителите на југозападен Техеран да ги напуштат своите домови за да можат да напаѓаат воени цели.
Комбинацијата од овие закани предизвика масовен егзодус од Техеран.
Иранските медиуми известуваат за големи сообраќајни метежи и застој на патиштата што водат северно од градот.