Свет
Украина не им дозволила влез на повеќе од 10.000 странци во 2019 година

Украинските граничари спречиле повеќе од 10.000 странски државјани да влезат во земјата од почетокот на годинава, а речиси 2.500 од нив биле руски државјани, изјави портпаролот на Државната гранична служба на Украина, Олег Слободјан, пренесува ТАСС.
„Повеќе од 10.000 странци добиле забрана за влез од почетокот на 2019 година. Од нив, речиси 2.500 се руски државјани”, изјави тој за новинската агенција УНН.
Слободијан истакна дека околу 2.000 странци не добиле дозвола да ја минат државната граница бидејќи биле означени како потенцијални илегални мигранти.
Тој додаде дека главната причина за одбивање на влезот е што на странците им е тешко да ја потврдат целта на нивното патување во Украина.
Државната гранична служба на Украина претходно изјави дека најчесто им е одбиен влезот на руски, турски и молдавски граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Туск: Соборени се дроновите што претставуваа закана

Синоќа, голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, објави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека биле соборени беспилотните летала што претставувале директна закана.
„Синоќа, голем број руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор. Овие беспилотни летала што претставуваа директна закана беа соборени. Јас сум во постојана комуникација со генералниот секретар на НАТО и нашите сојузници“, рече Туск.
Европа
(Фото) Остатоци од дрон паднале врз станбена куќа во Полска

Остатоци од руски дрон паднале врз станбена куќа во регионот Лублин, објавија полските медиуми. „Полсат њуз“ објави дека покривот и паркингот се оштетени, но никој не е повреден.
Повикувајќи се на локален полициски инспектор, „Полсат“ соопшти дека „остатоците од руски дрон паднале врз станбена куќа во градот Вирики Вола“.
— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025
„Луѓето слушнале експлозија и виделе полски борбени авиони. Ситуацијата е доста сериозна и загрижувачка. Навистина постои голема загриженост кај жителите“, рече градоначалникот Мариуш Занко.
Регионот Лублин, во источна Полска, се граничи со Белорусија и Украина.
фото: принтскрин
Европа
Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
„Полските и сојузничките операции на воздухопловните сили поврзани со кршење на полскиот воздушен простор се завршени. Пребарувањето и локализирањето на можните места на удар на објекти што го нарушија полскиот воздушен простор е во тек“, се вели во соопштението.
Полската војска им се заблагодари на Воздухопловната команда на НАТО и на Холандија за испраќањето борбени авиони „Ф-35“ за да се обезбеди безбедноста на полското небо. Земјените системи за воздушна одбрана и радарското извидување се вратија на стандардни оперативни активности.
Само еден аеродром сè уште не е отворен
Главниот аеродром во Варшава е повторно отворен. Портпаролот на Полската агенција за воздушна навигација сега изјави за телевизиската станица TVN24 дека аеродромите во Модлин и во Жешов исто така се повторно отворени.
Аеродромот во Лублин останува привремено затворен.
фото: принтскрин