Свет
Украина објави податоци: убиени 5.800 Руси, уништени 200 тенка, куп возила

Украинските власти објавија нов извештај за руските жртви и загуби. Украинците тврдат дека руската страна во конфликтот досега загубила најмалку 5.840 војници.
Украинците исто така тврдат дека собориле 30 руски авиони и 31 хеликоптер и уништиле повеќе од 200 тенка. Тие велат дека уништиле најмалку 210 тенка и дури 862 оклопни возила, 85 артилериски системи и 9 противвоздушни системи.
Што велат Русите?
Русите го објавија извештајот на 28 февруари, пред два дена.
Руските вооружени сили погодија 1.146 украински воени објекти од почетокот на инвазијата, изјави тогаш генерал-мајорот Игор Конашенков, портпарол на Министерството за одбрана на Русија.
Меѓу целите биле 31 командно место и центар за комуникација, 81 противвоздушен ракетен систем „С-300“, „Бук М-1“ и „Оса“, како и 75 радарски станици. Оперативно тактичко воздухопловство на руските воздухопловни сили погоди шест колони оклопни возила на украинските вооружени сили, додаде тој.
Покрај тоа, уништени се 311 тенкави и други оклопни борбени возила, 42 авиона и хеликоптери (вклучително и на земја), 51 повеќецевен ракетен систем, 147 парчиња пешадиска артилерија и минофрлачи, 263 единици специјални воени возила, додаде Конашенков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп до Хамас: Ова е вашето последно предупредување, нема да има друго

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му дал на Хамас „последно предупредување“ да прифати договор за ослободување на заложниците, тврдејќи дека „Израелците ги прифатија моите услови“. Тој повика на крај на војната и предупреди на „последици“ доколку Хамас одбие.
„Време е Хамас да прифати. Ги предупредив за последиците од неприфаќањето. Ова е моето последно предупредување – нема да има второ“, рече Трамп во објава на социјалните мрежи.
Според израелската станица N12, цитирана од Ројтерс, рамката на договорот вклучува ослободување на сите преостанати заложници на првиот ден од прекинот на огнот во замена за ослободување на илјадници палестински затвореници и би послужила како основа за разговори за завршување на војната. Израелски функционер изјави дека предлогот „сериозно се разгледува“.
Трамп претходно испрати слични пораки и најави зголемен притисок врз Хамас, а американските претставници потврдија директни контакти со организацијата како дел од преговорите за заложниците, според Асошиејтед Прес.
Во исто време, израелската влада вели дека завршувањето на војната би вклучувало безусловно ослободување на заложниците, предавање и разоружување на Хамас и неговите лидери отстранети од власт во Газа, пишува Ројтерс.
Регион
(Видео) Демонстрантите во Србија фрлаа јајца врз автобуси со поддржувачи на Вучиќ

Вчера во Чачак се случи инцидент кога граѓаните запреа автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) кои пристигнаа од други градови за да учествуваат во протест против блокадите и студентските демонстрации.
Iznos dnevnice za kurčenje po Čačku je porastao na soma evra. Ovi više ni na svadbu u Čačak neće doći. Garant. pic.twitter.com/EyRZJFHGOg
— Grof od Kačulica (@Grof_OdKaculica) September 7, 2025
Според извештајот на Н1, собраните граѓани на Чачак успеаја да ја сопрат колоната автобуси, по што ги гаѓаа со јајца.
Протести против блокадите се одржаа во Србија и минатата недела. Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека околу 126.000 луѓе учествувале на 111 собири. Паралелно се одржаа и контрасобири во неколку градови, од кои најголемите беа во Шабац, Ниш и Чачак.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Зеленски за најголемиот удар врз Украина досега: Путин го тестира светот

„Важно е што денес видовме широк одговор од партнерите на овој напад. Јасно е дека Русија се обидува да ѝ нанесе болка на Украина со уште подрски напади. Ова е јасен знак дека Путин го тестира светот, за да види дали ќе го прифати тоа или не“, објави Володимир Зеленски вчера вечер на платформата Икс, коментирајќи го најголемиот руски воздушен напад врз Украина досега.
„Затоа изјавите на државните лидери и институциите мора да бидат поткрепени со силни акции – санкции против Русија и поединци поврзани со Русија, високи тарифи и други ограничувања за трговија со Русија. Нивните загуби мора да се почувствуваат. Тоа е она што е навистина убедливо“, рече Зеленски.
It is important that today we saw a broad response from our partners to this strike. Clearly, Russia is trying to inflict pain on Ukraine with even more brazen attacks. This is a clear sign that Putin is testing the world – whether they will accept or tolerate this. pic.twitter.com/X2vGTgnDTX
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 7, 2025
„Друга работа е подеднакво важна – нашите долгорочни способности. Путин не сака преговори, тој очигледно се крие од нив, затоа недостигот на гориво во Русија и другите економски тешкотии се логичен одговор на одбивањето на прекин на огнот или состанок на ниво на лидери“, рече Зеленски.
Во саботата кон неделата, Русија го изврши најголемиот воздушен напад врз Украина од почетокот на војната. Беа испукани околу 800 беспилотни летала и ракети, а за прв пат беше оштетена и зградата на украинската влада во Киев. Во нападите беа убиени најмалку четири цивили, вклучувајќи и двомесечно бебе. Повеќе од 40 лица беа ранети.
фото: принтскрин