Свет
Украина поднесе тужба против Русија поради притворените морнари

Украинската влада поднесе во Европскиот суд за човекови права тужба против Русија, поради кршење на правата на украинските морнари по инцидентот во Керчкиот теснец, изјави заменик министерот за правда, Иван Лишчин.
Според неговите зборови, украинската влада бара од Европскиот суд да се произнесе за, како што велат, незаконското затворање на дваесет и двајцата украински морнари и двајцата припадници на безбедносните служби и нивното кривично гонење. Тие беа притворени од страна на руските власти поради преминот кај теснецот, за што Русија тврди дека било незаконски и дека бродовите навлегле во руските води.
Бродовите на украинската морнарица беа запленети на 25 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
За реконструкција на Украина ќе бидат потребни повеќе од 520 милијарди долари

Трошоците за обнова на украинската економија по завршувањето на војната се проценуваат на 524 милијарди долари, објавија денеска Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и владата во Киев.
Најтешко погодени сектори се домувањето, транспортот, енергетиката, трговијата и образованието, пишува Ројтерс.
Украинската влада, со поддршка од донатори, одвои речиси 7,4 милијарди долари за приоритетни потреби оваа година, но сè уште ѝ недостигаат речиси 10 милијарди долари.
Директната штета од руските напади достигна 176 милијарди долари, што е за 24 милијарди долари повеќе од пред една година.
Околу 13 отсто од станбениот фонд на Украина е оштетен или уништен, погодувајќи повеќе од 2,5 милиони луѓе.
Во текот на изминатата година евидентирани се 70 отсто повеќе штети на енергетските постројки.
Беше наведено дека за реконструкција на станбениот сектор ќе бидат потребни околу 84 милијарди евра, додека само за чистење на урнатините ќе чини речиси 13 милијарди.
Свет
Поведена нова потрага по авионот на „Малезија ерлајнс“ 11 години по исчезнувањето

Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна со 239 луѓе во 2014 година, продолжи по речиси 11 години .
Патничкиот авион исчезна на несреќниот лет MH370 на 8 март 2014 година, додека летал од главниот град на Малезија Куала Лумпур за Пекинг.
Исчезнувањето на Боинг 777 без трага претставува една од најголемите мистерии во историјата на авијацијата.
Денес, 11 години подоцна, компанијата „Оушн Инфинити“ започна нова потрага во Индискиот Океан во близина на брегот на Перт.
Австралискиот медиум „9News“ објави дека бродот „Армада 7806“ во текот на викендот пристигнал на дестинацијата за пребарување, која се наоѓа на околу 1.500 километри од брегот на Перт.
Потрагата ќе опфати површина од 15.000 квадратни километри во следните шест недели.
Малезискиот министер за транспорт, Ентони Лок, во декември минатата година потврди дека „Оушн Инфинити“ ќе започне потрага според договорот што го поврзува плаќањето исклучиво со пронаоѓање на остатоците од авионот.
Доколку ги пронајде остатоците, на компанијата ќе и бидат исплатени 70 милиони долари, во спротивно нема да добие надокнада за пребарувањето.
Свет
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла можноста за одржување избори до крајот на војната.
Ова се случува по изјавите на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, кои сугерираа дека владеењето на Зеленски е нелегитимно бидејќи не се одржани избори во Украина.
Украинската Рада ја усвои резолуцијата на втор обид откога вчера немаше доволно гласови за поддршка за нејзино усвојување, јавува „Еј-би-си њуз“.
Зеленски во неделата рече дека ќе се повлече ако тоа донесе мир во Украина додавајќи дека тоа ќе го стори дури и ако тоа значи дека неговата земја ќе добие членство во НАТО.