Свет
Украина: Русија ги зголемува артилериските и воздушните напади врз Бахмут

Руските сили ги засилија артилериските и воздушните напади во источниот украински град Бахмут, изјави командантот на копнените сили на Украина.
Борбите во и околу Бахмут траат со месеци и се сегашниот епицентар на војната во Украина.
„Непријателот во моментот ја интензивира активноста на тешка артилерија и воздушни напади претворајќи го градот во урнатини“, изјави генералот Олександр Сирскиј.
Тој рече дека Русија останува посветена на освојување на Бахмут по секоја цена, но дека во обидот да ја постигне таа цел има значителни загуби.
Русија тврди дека и украинските сили трпат големи загуби во тој град во источна Украина.
Освојувањето на Бахмут може да послужи како отскокна штица за Русија да напредува кон двата града во регионот Донецк – Краматорск и Славјанск.
Шефот на платеничката руска воена група „Вагнер“, која го предводи обидот за преземање на Бахмут, овој месец изјави дека нејзините борци контролираат повеќе од 80 отсто од градот. Украина го негира ова велејќи дека сè уште контролира значително поголем процент од градот.
Се очекува дека украинската армија ќе почне контраофанзива во наредните недели или месеци со цел повторно да ги заземе териториите под руска контрола, пишува агенцијата „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.