Свет
Украина: Ќе имаме доволно енергетски ресурси за да ја пребродиме зимата
Украина ќе има доволно енергетски ресурси за да ја преброди претстојната зима, но очекуваното зголемување на руските напади може да ги наруши мрежите за снабдување, изјави украинскиот министер за енергетика, Герман Галушченко.
„Имаме доволно енергетски ресурси, мирни сме во врска со тоа“, изјави Галушченко за украинската јавна телевизија.
„Прашањето е колку идните напади ќе влијаат на снабдувањето“, додаде тој.
Во изминатите неколку недели, Русија ја нападна украинската инфраструктура 60 пати, рече Киев во средата, предизвикувајќи загриженост дека Москва можеби веќе е насочена кон електричната мрежа за втората зима на војната.
Минатата зима, илјадници руски беспилотни летала и проектили ја погодија енергетската инфраструктура, предизвикувајќи широко распространет прекин на струја.
Украина очекува Русија да продолжи со масовните напади со беспилотни летала и ракетни напади врз енергетската инфраструктура откако температурите ќе паднат под нула Целзиусови степени, рече Галушченко.
„Ниските температури, се разбира, дополнително ја зголемуваат штетата“, рече Галушченко. „Секоја температура под нулата ги зголемува ризиците“, рече тој.
Украина до сега уживаше во несоодветно топло време оваа есен, но се очекува температурите да паднат под нулата во Киев и на други места во наредната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

