Свет
Украинскиот министер за одбрана: Војната стана европска и Европа го сфати тоа

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, се огласи на „Фејсбук“, каде што испрати силна порака до Украинците, но и до целиот свет.
„96 часа отпор, 4 дена посветеност, храброст, посветеност и верба“, пишува Резников додавајќи дека постои силно верување оти непријателот, кој убива жени, деца и уништува градови, ќе биде казнет.
Тој истакнува дека војната станала европска и дека Европа, конечно, го сфатила тоа.
„Војната стана европска. Европа, конечно, го сфати тоа. Половина Европа веќе собира, пакува, носи оружје и опрема. Кругот на држави што обезбедуваат вистинска помош значително се зголеми. Соодносот исто така е зголемен. Европа веќе обезбеди привремено засолниште за десетици илјади, оние што најмногу сакаме да ги спасиме – нашите малечки и нивните мајки. Сега навистина немаме граница на запад. Но, поддршката е на југ и на далечниот исток и надвор од Атлантикот“, изјави Резников.
„Украина ќе победи! Слава на Украина!“, изјави украинскиот министер за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полската воена полиција пронајде делови од ракета во источниот дел од земјата

Полската воена полиција денес објави дека во источниот регион на Лублин се пронајдени сомнителни фрагменти од ракета, за кои се верува дека биле употребени за соборување на беспилотно летало.
Ова откритие се случи повеќе од една недела откако Полска, со поддршка на авионите на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор, објави ПАП.
Воената полиција објави дека денес ќе се изврши детално форензичко испитување на објектот, пренесува Танјуг.
Полска минатата недела објави дека нејзиниот воздушен простор бил нарушен за време на нападот на руски беспилотни летала во ноќта помеѓу вторникот и средата, додека Русија ги продолжи нападите врз Украина.
Руските власти ги негираа тврдењата дека беспилотните летала ја имале за цел Полска, нагласувајќи дека нападите не биле насочени кон таа земја.
Фото: принтскрин
Свет
Полска купува 2.500 ракети од САД

Соединетите Американски Држави ја одобрија продажбата на 2.506 противоклопни ракети FGM-148F „Џавелин“ и 253 лесни командно-лансирни уреди (LWCLU) на Полска, во вредност од околу 780 милиони долари. Пакетот опфаќа и обука, логистичка поддршка, резервни делови и техничка асистенција.
„Џавелин“ е пренослив систем, дизајниран за уништување на тенкови и лесно оклопни возила. Оружјето стана симбол на украинската одбрана во првите месеци од руската инвазија во 2022 година.
Одлуката доаѓа по неодамнешниот упад на околу 20 руски дронови во полскиот воздушен простор, кога полските и сојузничките авиони соборија дел од нив – настан означен како прв преседан од ваков тип во НАТО земја.
Полска и Украина најавија заеднички програми за обука во противдронска одбрана, додека паралелно европските држави ги зголемуваат воените набавки, а новата трансатлантска шема PURL обезбедува дополнителна воена помош за Киев.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување на беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција, повеќе од една недела откако Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува огранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на Икс.
Минатата недела, Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата, додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин