Свет
Украинскиот министер: Мојата агенда има три точки – оружје, оружје и оружје
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, е во Брисел на разговори со сојузниците во НАТО. Говорејќи на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, тој рече дека неговата агенда е многу едноставна.
„Мојата агенда е многу едноставна. Има само три точки. Тоа се оружје, оружје и оружје. Знаеме како да победиме, но без доволни резерви на оружје, овие победи ќе бидат придружени со огромни жртви“, рече тој.
Додаде дека колку повеќе оружје ќе пристигне во Украина, толку повеќе човечки животи ќе бидат спасени.
Тој рече и дека колку повеќе градови и села спасува, толку помалку ќе има злосторства, како оној во Буча.
„Можеби звучи чудно, но денес оружјето служи за целта на мирот“, заклучи тој. Тој рече дека на Украина и се потребни авиони, возила и системи за противвоздушна одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел објави фотографија од 33 заложници што Хамас треба да ги ослободи
Израел на официјалната страна на „Икс“ објави фотографија од 33. заложници што Хамас етапно треба да ги ослободи во следните недели, во согласност со Договорот за прекин на огнот.
Иако утрово примирјето требаше да почне, истото се одложи бидејќи Хамас навремено не ја достави листата на заложниците што треба да ги ослободи во текот на денот, како што е превидено.
❤️🎗️
We are waiting for each and every one of you. pic.twitter.com/hys5TbvqU8
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба денес да бидат ослободени
Хамас ги соопшти имињата на тројцата израелски заложници кои први треба да бидат ослободени во текот на денот, се вели во изјавата на портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обаида.
Израел го добил списокот на заложниците што Хамас ќе ги ослободи в недела, изјави израелски висок функционер за Си-Ен-Ен.
Израелската војска претходно соопшти дека планираниот прекин на огнот нема да стапи во сила додека Хамас не ги соопшти имињата на заложниците што ќе ги ослободи во недела.
(Обновено)
Свет
Трамп пристигна во Вашингтон
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта пристигна во Вашингтон на почетокот на прославите за неговото враќање на власт, два дена пред церемонијата на неговата инаугурација.
Трамп пристигна од Флорида со авион на американското воено воздухопловство испратен од претседателот во заминување Џо Бајден. Со него на летот во саботата беа неговата сопруга Меланија, ќерката Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.
По пристигнувањето на аеродромот Далес, Трамп отпатува до својот голф клуб во Стерлинг, Вирџинија, на околу 50 километри од Вашингтон.
Таму, заедно со 500 гости, го забавуваше имитаторот на Елвис, Лео Дејс, по што следеше огномет.
Пред да пристигне во Вашингтон, Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си вети дека ќе потпише рекорден број извршни наредби веднаш по положувањето заклетва. Тој рече дека може да има околу стотина од нив.
Депортирање милиони илегални имигранти, зголемување на тарифите за соседните Мексико и Канада и ривалската Кина, дерегулацијата на енергијата и климата, помилувањето на своите поддржувачи за нападот на Капитол во јануари 2021 година, Доналд Трамп најави дека ќе повлече многу од одлуките и политиките на неговата претходникот Џо Бајден.